fbpx

Груевски – Туск: Поголема координираност меѓу Македонија и ЕУ за кризата со бегалците

-

Премиерот Никола Груевски и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска во Скопје разговараа за мигрантската криза.

На средбата било заклучено дека новите предизвици со кои се соочува Европа се последица на одлуките на сè поголем број земји да ги пропуштаат само бегалците и мигрантите што доаѓаат од регионите зафатени со војна, но не и економските мигранти и оти се потребни нови механизми за справување со новонастанатата ситуација.

Груевски и Туск се согласиле дека е неопходен поголем ангажман и координираност меѓу македонските и европските институции во справувањето со кризата, имајќи предвид дека бегалците во Македонија влегуваат преку Грција, која е членка на ЕУ.

Груевски истакнал дека Македонија ќе постапува во согласност со одлуките и со постапките на земјите од балканската рута, истакнувајќи дека Македонија има право и должност да презема чекори со кои ќе ги заштити домашните интереси.

Премиерот го уверил Туск дека Владата е подготвена да ги преземе сите потребни чекори за заштита на границата и за канализирање на протекот на мигрантите, но истакнал дека е потребен ангажман на силите на Фронтекс на македонско-грчката граница.

Претседателот на Европскиот совет уште еднаш ја повтори подготвеноста на ЕУ да ѝ помогне на Македонија, давајќи ѝ хуманитарна и техничка помош.

Премиерот Груевски, исто така, ја истакнал стратегиската определба на Владата за интеграција на земјата во Европската унија и во НАТО и изразил посветеност за спроведување на реформите за унапредување на европските стандарди во сите сфери од општеството.

Туск истакнал дека ЕУ има интерес за Македонија да стане дел од европското семејство и додал дека и понатаму ќе продолжи соработката за реформите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...