fbpx

Средба Груевски – Рејндерс

-

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.

На средбата беа поздравени одличните билатерални односи помеѓу двете земји, кои се развиваат во духот на пријателството и на меѓусебното почитување, како и интензивирањето на соработката во сферата на економијата и на трговската размена.

Во таа насока беше констатирано дека постои солидна основа за понатамошен напредок на економската соработка, како и за стимулирање соработка помеѓу бизнис-заедниците од двете земји.

Премиерот Груевски посочи дека Република Македонија има позитивно искуство од инвестирањето на белгиската компанија „Ван Хул“ за производство на автобуси, која придонесе и за привлекување на други компании кои работат како доставувачи на оваа белгиска компанија. Тој истакна дека постои потенцијал кој треба да се искористи дополнително во насока на збогатена економска и трговска соработка.

Соговорниците разговараа за реформите што се спроведуваат во Република Македонија и за актуелната политичка состојба, при што премиерот Груевски ја истакна стратегиската определба на нашата земја за интеграција во евроатлантската заедница и за унапредување на стандардите во сите општествени сфери.

Заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, изрази задоволство од воспоставената соработка и од унапредувањето на заедничките односи. Тој упати поддршка на европските интеграции на Република Македонија, посочувајќи го интересот на Белгија за побрзо интегрирање на целиот регион. Тој изрази уверување дека со заеднички напори во наредниот период ќе се успее да се зајакне билатералната економска соработка која претставува приоритет на владите од двете држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...