Триесет и едногодишен кумановец, поради нелегален престој во Белгија, вчера попладне бил депортиран на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а по извршените проверки било утврдено дека тој бил баран во земјава поради силување, информира полицијата.

„Околу 15 часот, на влез во Република Македонија, на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, поради илегален престој од Белгија бил депортиран С.И. (31) од Куманово. По извршената проверка, констатирано е дека лицето се бара за издржување казна затвор во Казнено-поправна установа „Куманово“ за сторено кривично дело силување. С.И. е спроведен за понатамошна постапка“, стои во полициската информација за случајот.