fbpx

Идентификуван убиениот напаѓач од Брисел, бил приврзаник на ИД

-

Напаѓачот кој вчера беше убиен во јужниот дел на Брисел е идентификуван како Мохамед Белкаид (35), државјанин на Алжир, кој нелегално престојувал во Белгија.

Според наводите на обвинителот Тери Вертс, напаѓачот настрадал во престрелката со белгиската полиција. Во неговата куќа се пронајдени знаме на Исламска држава, „калашњиков“, како и салафистички книги.

Белгиската полиција сè уште трага по двајца напаѓачи, кои се наоѓале во станот за време на нападот.

Во вчерашниот напад на полицијата за време на претресот во бриселскиот кварт Форе, повредени се четворица полицајци, од кои еден потешко. Претресот е спроведен во рамки на истрагата за нападите во Париз, извршени на 13 ноември минатата година.

Белгиската и полициите на повеќе европски земји и понатаму трагаат по организаторите и по осомничени за париските напади, во кои загинаа 130 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...