fbpx

Ахмети и Лидингтон разговараа за изборите на 5 јуни

-

Овие избори ќе бидат најнабљудувани во историјата на земјата, а има повеќе од доволно време за сите подготовки за 5 јуни, стои во соопштението од ДУИ по средбата на претседателот на партијата, Али Ахмети, со Давид Лидингтон, државниот министер за Европа на Велика Британија.

„ДУИ има јасна визија за тоа што треба да се преземе до изборите и по изборите и, како и секогаш, ќе ја изгради државната политика во партнерство со меѓународната заедница за доброто на граѓаните и на земјата“, се вели во соопштението.

Ахмети и Лидингтон, стои во соопштението, разговарале за предизвиците со кои ќе се соочи Македонија пред и по изборите, вклучувајќи ги и евроатланските интеграции, реформите и меѓуетничките и меѓусоседските односи.

„Ахмети изрази поддршката за напорната работа на Државната изборна комисија и истакна дека институциите треба да му излезат во пресрет на ова тело за спроведување на изборите со надеж дека ниту една политичка партија нема да го попречува процесот на кој било начин. Соговорниците разговарале и за прашањето за името и за евроатлантската интеграција, како еден од приоритетите на земјата по изборите, со строго спроведување на Охридскиот договор. Ахмети оцени дека членството во НАТО доведува до релаксација на меѓуетничките односи, стабилноста и до одржлива безбедност, но е и услов за економскиот развој, како и дека ќе го олесни отворањето на преговорите за членство во Европската Унија“, се вели во соопштението од ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...