fbpx

Седумнаесет загинати и десетици повредени во експлозии на аеродромот во Брисел

-

Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се ранети во двете експлозии што утринава одекнаа на бриселскиот аеродром „Завентем“, јавува „Раша тудеј“.

На сликите што се шират на социјалните мрежи се гледа густ чад како се издигнува од една од аеродромските згради.

Белгиски владини извори јавуваат дека станува збор за напад, а портпаролката на белгискиот аеродром, Анке Франсен, изјави дека има повеќе повредени.

– Можеме да потврдиме дека имаше две експлозии во халата за полетување. Ги повикавме итните служби и тие им укажуваат прва помош на повредените – вели Франсен.

Аеродромот во моментов е затворен, а последниот лет бил во 7.55 часот кон Мадрид.

Се претпоставува дека имало една или повеќе експлозии. Се врши евакуација на лицата од аеродромот. Наводно, експлозијата се случила во близина на местото каде што се регистрираат патниците од САД. Пред само четири дена во Белгија е уапсен Салах Абдеслам, последниот преживеан напаѓач од Париз. По неговото апсење дополнително се зголемени мерките на безбедност бидејќи се претпоставувало дека може да дојде до одмазднички напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...