fbpx

Брисел: Уапсени две лица поврзани со нападите во Париз

-

Белгиската полиција спроведе рации во центарот на Брисел и уапси две лица поврзани со минатомесечните терористички напади во Париз, соопшти канцеларијата на белгиското државно обвинителство.

Во рацијата, која се одвивала доцна синоќа и траела пет часа, во близина на самиот центар на Брисел, учествувале специјалци и силите на федералната полиција.

– Двајцата мажи се доведени на сослушување – рече портпаролот на државниот обвинител, Ерик ван дер Сипт, кој не сакал да изнесе повеќе детали, но потврди дека не станува збор за бегалецот Салах Абдеслам, кој е еден од најбараните луѓе во Европа поради својата улога во нападите во Париз од 13 ноември, во кои загинаа 130 лица.

Белгиската полиција и понатаму трага по Абдеслам, 26-годишник по потекло од Брисел, за кој се сомнева дека играл клучна улога во париските напади и се верува дека еден ден по масакрот во главниот град на Франција се вратил во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...