fbpx
Таг: напади Париз

таг: напади Париз

Во Белгија идентификуван уште еден напаѓач од Париз

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека идентификувал уште еден учесник во минатогодишниот терористички напад во Париз. „Истрагата покажала дека Сафијан Кајал се идентификува како Наџим Лашрау, роден на 18 мај 1991 година. Тој патувал во Сирија во февруари 2003 година“, стои во соопштението на обвинителството. Белгискиот министер за надворешни работи, Дидиер Рејндерс, вчера соопшти дека повеќе од 30 лица учествувале во ноемвриските терористички...

Брисел: Неутрализиран еден од напаѓачите, Абдеслам не бил мета

Еден од двајцата осомничени за денешниот напад на полицајците во Брисел е неутрализиран откако полициски хеликоптер го забележал во една од околните градини, јавува белгискиот весник ДХ. Напаѓачот бил вооружен со автоматска пушка. Белгиската и француската полиција покренаа голема потера против двајцата осомничени во Брисел, откако еден од нив со огнено оружје рани тројца полицајци за време на рацијата поврзана со...

Побарано продолжување на вонредната состојба во Франција

Француската влада денеска побара тримесечно продолжување на вонредната состојба, прогласена по терористичкиот напад во Париз, извршен на 13 ноември минатата година, во кој беа убиени 130 лица. Мерката што владата ја предложи на денешниот состанок треба да ја одобри парламентот. Вонредната состојба веќе еднаш беше продолжена и треба да заврши на 26 февруари. Во соопштението, претседателот Франсоа Оланд вели дека тримесечното продолжувањето е оправдано...

ИД ги објави последните зборови на напаѓачите од Париз

Џихадистичката организација Исламска држава синоќа објави видеоснимка со последните зборови на деветте напаѓачи од минатогодишните терористичките напади во Париз, во кои загинаа 130 лица. Засега не е потврдена автентичноста на снимката, ниту, пак, има реакција од француските власти. На снимката, која е објавена на веб-страницата на ИД, се прикажани дел од напаѓачите, облечени во маскирна облека, а прикажани се и кадри со...

Брисел: Уапсени две лица поради нападите во Париз

Две лица се уапсени во Брисел под сомнеж дека учествувале во ноемвриските терористички напади во Париз, во кои загинаа 130 лица. Белгискиот државјанин Закарие Ј. и Мароканецот Мустафа Е. се приведени под сомневање дека учествувале во организација на нападите во Париз, соопшти белгиската полиција. Осомничените се приведени за време на полициска рација во бриселскиот кварт Моленбек, каде претходно беа приведени исламски...

ИД: Двајца напаѓачи од нападите во Париз се Ирачани

Двајца милитанти што учествувале во нападите во Париз во ноември минатата година биле Ирачани, соопшти екстремистичката организација Исламска држава преку својот весник „Дабик“. Француските истражители идентификувале девет напаѓачи, но постои сомневање дека двајцата мажи се саморазнеле во близина на стадионот на северот на Париз. Во весникот на англиски јазик објавени се слики од девет мажи во униформа, за кои е речено дека...

Белгија: Откриени скривалишта на напаѓачите од Париз

Белгиската полиција открила два стана и една куќа што ги користеле терористите неколку недели пред нападите во Париз, соопштија денеска истражителите. Напаѓачите закупиле стан во Брисел и уште еден во местото Шарлероа во септември минатата година. На почетокот од октомври изнајмиле куќа во Овеле, околу 55 километри јужно од Брисел. Сите три недвижности се закупени на една година и за тоа е платено во...

„Ер Франс“ во загуба од 70 милиони евра по нападите во Париз

Француско-холандскиот авиопревозник „Ер Франс –КЛМ“ денеска соопшти дека во декември претрпел штета од околу 70 милиони евра поради терористичкиот напад во Париз, извршен на 13 ноември. Компанијата објави дека ефектот од терористичките напади врз бројот на патниците се почувствувал во последните две недели. Во декември компанијата пренесла 6,7 милиони патници, а пополнетоста на седиштата била 82,9 отсто, што е оценето како...

Белгиската полиција уапсила пет лица поврзани со нападите во Париз

Белгиските власти привеле пет лица, меѓу кои и двајца браќа, во дводневните акции во врска со ноемвриските терористички напади во Париз. Обвинителството соопшти дека две лица утрово се приведени во бриселскиот кварт Лакен. Полицијата синоќа претресла уште една куќа во Брисел и привела двајца браќа и еден нивни пријател. Анализа на телефонски податоци довела до вчерашната акција. При претресот не е пронајдено ниту...

Брисел: Уапсени две лица поврзани со нападите во Париз

Белгиската полиција спроведе рации во центарот на Брисел и уапси две лица поврзани со минатомесечните терористички напади во Париз, соопшти канцеларијата на белгиското државно обвинителство. Во рацијата, која се одвивала доцна синоќа и траела пет часа, во близина на самиот центар на Брисел, учествувале специјалци и силите на федералната полиција. - Двајцата мажи се доведени на сослушување – рече портпаролот на...

Швајцарија трага по четворица осомничени за нападите во Париз

Швајцарските власти соопштија дека во Женева е подигнато нивото на готовност и оти е почната потрага по осомничените кои швајцарските власти ги идентификувале во врска со терористичките напади во Париз од 13 ноември, при што загинаа 130 лица, а 352 беа повредени. Службата за безбедност на Обединетите нации во Женева соопшти дека швајцарските власти трагаат по четворица мажи за кои...