Белгиското обвинителство денеска соопшти дека идентификувал уште еден учесник во минатогодишниот терористички напад во Париз.
„Истрагата покажала дека Сафијан Кајал се идентификува како Наџим Лашрау, роден на 18 мај 1991 година. Тој патувал во Сирија во февруари 2003 година“, стои во соопштението на обвинителството.
Белгискиот министер за надворешни работи, Дидиер Рејндерс, вчера соопшти дека повеќе од 30 лица учествувале во ноемвриските терористички напади во Париз, иако претходно се претпоставувало дека учествувале десетина.
Главниот осомничен за нападите во париз, Салах Абдеслам, во петокот беше уапсен во Брисел.