fbpx

Брисел: Неутрализиран еден од напаѓачите, Абдеслам не бил мета

-

Еден од двајцата осомничени за денешниот напад на полицајците во Брисел е неутрализиран откако полициски хеликоптер го забележал во една од околните градини, јавува белгискиот весник ДХ.
Напаѓачот бил вооружен со автоматска пушка.

Белгиската и француската полиција покренаа голема потера против двајцата осомничени во Брисел, откако еден од нив со огнено оружје рани тројца полицајци за време на рацијата поврзана со истрагата за терористичките напади во Париз, извршени во ноември минатата година.

Француската полиција соопшти дека главниот осомничен за минатогодишните напади во Париз, Салах Абдеслам, не бил мета на денешната полициска акција во Брисел.

– Мета на операцијата не беше Салах Абдеслам. Таа беше насочена против лица кои се поврзани со еден или неколку од 11 Белгијци кои се обвинети – соопшти француската полиција.

Белгиските власти и понатаму трагаат по Абдеслам, главниот осомничен за 13-номевриските напади, во кои загинаа 130 лица, како и по неговиот соработник, Мохамед Абрини од бриселскиот кварт Моленбек.
Од ноември досега, уапсени се 11 лица, додека осум сè уште се во притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.