fbpx

Пронајдени експлозивни направи на аеродромот и на други локации во Брисел

-

Белгиските безбедносни служби пронашле повеќе неексплодирани рачно изработени бомби на бриселскиот аеродром „Завентем“.

Според информациите на белгискиот јавен сервис „Ве-те-ем“, најмалку една од бомбите што експлодираа на аеродромот била наполнета со клинци за да однесе повеќе жртви.

– Некои од жртвите имаа клинци по своите тела, што укажува дека напаѓачите прицврстиле метал на својата бомба – вели Марк Декрамер од универзитетската болница „Гастхуисберг“.

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека лицата што стојат зад нападите во Брисел веројатно сè уште се во бегство. Полициски извори за белгискиот весник „Нет Ниеувсблад“ соопштија дека трето лице кое се обидело да се разнесе на аеродромот, сè уште е во бегство.

Метро-станиците во Брисел ќе бидат отворени во 16 часот по локално време, соопшти белгиското министерство за транспорт и додаде дека околу 500 војници се распоредени по станиците за да ја гарантираат безбедноста на јавниот транспорт.

Холандската полиција спровела специјална операција на притворање на лицата што допатувале во Амстердам од Брисел. Возот, наводно, бил запрен на станицата Хоофдроп, една станица пред аеродромот „Шипхол“, а сите патници биле евакуирани во најблискиот хотел. Очевидци велат дека вооружени полициски сили привеле едно лице од возот.

Во меѓувреме, белгискиот бомбашки одред извршил контролирана експлозија во округот на бриселскиот универзитет „Врије“, откако сомнителен објект е пронајден на кампусот. Неидентификуваниот објект бил разнесен со мерки на претпазливост. Сите студенти и вработени се евакуирани.

Белгиските медиуми јавуваат дека полицијата трага по бомба во бриселската болница „Сент Пјер“.
Градоначалникот на Брисел соопшти дека најмалку 20 лица загинаа во експлозиите во метро-станицата.

– Околу 20 лица загинаа, а 106 лица се повредени. Седумнаесет лица се потешко повредени – рече градоначалникот Иван Мајеур.

Според белгиските медиуми, во двата напади загинаа 34, а повредени се 136 лица.

Белгискиот јавен сервис „Ве-те-ем“ јавува дека властите од безбедносни причини ги евакуирале вработените во нуклеарната централа Тихаж.

Портпаролот на белгиската федерална Агенција за нуклеарна контрола соопшти дека безбедноста на нуклеарните локации е зголемена.

Џихадистичката организација Исламска држава преку својата новинска агенција „Амак“ ја презеде одговорноста за нападите, јавуваат египетските медиуми. Според податоците на белгиското федерално обвинителство, еден бомбаш самоубиец активирал експлозив на аеродромот во одделот за патници во делот за полетувања, додека втората експлозија на аеродромот е најверојатно од автомобил бомба.

Белгиските власти прогласија највисоко четврто ниво на сигурност во целата земја по експлозиите на аеродромот и на метро-станиците. Знамињата во Брисел се спуштени на половина копје, во знак на жалост за жртвите.

Минатата недела во Брисел беше уапсен и еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...