fbpx

Белгија: Уапсени две лица осомничени за нападите во Париз

-

Белгиските власти соопштија дека уапсиле двајца осомничени за терористичките напади во Париз.

Претставник, кој побарал да остане анонимен, бидејќи се подготвува официјално соопштение, изјавил дека едно од лицата е приведено на националниот аеродром во Брисел, додека се обидувало да се качи во авион за Мароко.

Според наводите на претставникот, уапсениот веќе двапати се обидувал да отпатува во Сирија.

Другото лице е уапсено за време на полициска рација.

Претставникот не открил повеќе детали.

Белгија сега во затвор држи вкупно осум осомничени за поврзаност со париските напади или евентуалните напади во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...