недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: апсења | 57 резултати

Голема акција на МВР против шверцери на дрога и оружје во 29 општини и во Скопје

11 февруари 2023

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, завчера и вчера спровел голема акција против шверцери на дрога и оружје, при што се правени претреси за 53 лица во 29 општини во земјава и во Скопје, соопшти МВР. Иизвршени се претреси на дом и други простории, и тоа кај […]

КФОР на северот на Косово ги отстранува возилата преостанати од српските блокади

3 јануари 2023

Мисијата КФОР соопшти дека на северот на Косово во тек е отстранување на некои возила што останале на патиштата по кревањето на блокадите поставени од косовските Срби, што со седмици на таков начин протестираа поради апсења на поранешни полицајци. „Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот од Косово со цел да се отстранат некои […]

Во акција на хрватската полиција, утрово уапсен директорот на ХРТ, Казимир Бачиќ

30 јуни 2021

Во акција на хрватската полиција и Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал, рано утрово во Загреб се уапсени повеќе лица, меќу кои е и главниот директор на Хрватската радио-телевизија, Казимир Бачиќ, пишува порталот на „Јутарњи лист“. Според неофицијални информации, станува збор за сомневања за сторени кривични дела направени за време на поранешната градска […]

Во голема акција на полицијата од десетици земји разбиена огромна криминална група и уапсени стотици криминалци

8 јуни 2021

Во акција на полицајци од Европа, САД, Австралија и Нов Зеланд се извршија стотици апсења низ целиот свет за време на масовна операција против организираниот криминал. Австриската федерална полиција и ФБИ ги следеле комуникациите на криминалците и илјадници шифрирани пораки биле дешифрирани во реално време за период од три години Во акцијата наречена „Тројански штит“, […]

Во Косово ситуацијата се вжештува, Србија прогласи борбена готовност

28 мај 2019

По серијата апсења на северот на Косово, чија цел се и Срби и Албанци, српскиот претседател порача дека станува збор за акција на косовската полиција насочена кон Србите и свика итна седница на српскиот Совет за национална безбедност. За време на акцијата уапсени се неколкумина полициски службеници и неколку граѓани осомничени за вмешаност во шверцување, […]

Анализа: Динамична недела во Македонија со апсења, судења и пресуди

15 март 2019

Неделата започна со апсења за трагедијата за автобусот и проневера во разузнавачките служби а заврши со судска пресуда за тероризам. Од 18 неамнестирани обвинети за организираниот терористички напад на 27 април 2017 на Собранието на Република Северна Македонија, во петок (15.03.19) на вкупно 211 години затвор беа осудени 16. Оперскиот пеач Игор Дурловски, еден од […]

Уапсени 200 мафијаши во Италија, помеѓу кои и корумпирани функционери

9 јануари 2018

Околу 200 припадници на еден од најпознатите мафијашки кланови се упасени во заедничка акција на полицијата во Италија и во Германија, соопштија италијанските официјални власти. Според соопштението, уапсени се членови на криминалната група Ндрангета, чие што седиште е во регионот Калабрија. Акцијата била спроведена заедно со германската полиција, имајќи предвид дека семејствата Фарао и Маринкола, […]

Уапсени 11 принцови во Саудиска Арабија поради организирање на протести

6 јануари 2018

Во Саудиска Арабија денеска се уапсени 11 принцови, а ќе им биде судено бидејќи организирале протест пред една од кралските палати, пренесуваат саудиските медиуми. Принцовите протестирале поради укинување на надоместокот за сметки за вода и струја на членовите на бројните кралски семејства. На саудиската национална гарда, која е задолжена за заштита на кралското семејство, и […]

Руското МНР нема коментар за насилствата од 27 април, кои биле „антинатовски митинг“

6 декември 2017

Министерството за надворешни работи на Русија нема никаков коментар во врска со притворањето на 36-мина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и шестмина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го соопшти портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, прашана „за коментар за ситуацијата во Македонија, каде што кон крајот од минатата недела […]

Османи: Протестите се уставно право, сè додека не се насилни

1 декември 2017

Протестите се легитимно и уставно загарантирано право на граѓаните и може да се прават секаде, сè додека не се насилни, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали протестите на ВМРО-ДПМНЕ против последните приведувања и судството се политички притисок. – Граѓаните имаат право да кажат мислење и за одлуките на судот, […]

Груевски: Немаме донесено одлука да се повлечеме од Собранието

29 ноември 2017

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска по рочиштето за случајот со насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во јавноста познат како „Шамари“, во изјава за медиумите обвини за протекционизам во судството. – Судот, за случаите во кои се обвинети членови на ВМРО-ДПМНЕ, рочиштата ги закажува на два-три дена, со набиена агенда, додека случаите […]

Во Германија уапсени шест лица што планирале терористички напади

21 ноември 2017

Во голема операција спроведена во неколку градови во Германија, полицијата уапсила шестмина Сиријци под сомнение за тероризам, јави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Уапсените се на возраст од 20 до 28 година и се членови на терористичката група Исламска држава, а планирале терористички напад на Германија. Апсењата се извршени во Касел, Хановер, Есен и во […]

Стотици демонстранти уапсени во Москва

5 ноември 2017

Стотици луѓе беа уапсени во центарот на Москва денеска, додека се собираа за протест кој беше забранет од власта. Протестот беше организиран од националистичка група. Апсењата на плоштадот Манеж во непосредна близина на Кремљ се случија два дена откако агенција за домашна безбедност уапси некои од членовите на групацијата „Артподгатовка“, под сомневање дека сакале да […]

МВР бара помош од граѓаните за пронаоѓање на тројца насилници од 27 април

17 октомври 2017

Министерството за внатрешни работи, по претходно одобрение на јавен обвинител, на својата интернет-страница јавно објави фотографии од три лица кои се бараат во врска со насилствата во Собранието од 27 април годинава. Од МВР наведуваат дека станува збор за лица кои се важни за постапката. „Ги повикуваме сите граѓани што имаат какви било сознанија за лицата, […]

Голема акција за апсење во Хрватска поради аферата „Агрокор“

16 октомври 2017

Уапсени се четворица од поранешните клучни раководители на концернот „Агрокор“ во Хрватска, во акцијата што почна рано утрово, а во чии рамки е претресена и „Кулмеровата палата“ во Загреб, сопственост на основачот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ. Според информациите во хрватските медиуми, Ивица Тодориќ не е во Хрватска. Уапсени се поранешниот шеф на финансии на „Агрокор“, […]

Акција на турската полиција за апсење на 70 војници поради поврзаност со Ѓулен

10 октомври 2017

Турската полиција денеска почнала акција за апсење на 70 војници обвинети за поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого властите во Анката го обвинуваат дека го организирал минатогодишниот обид за воен удар, јавуваат турските агенции. Акции против приврзаници на Ѓулен во Турција се спроведуваат речиси секој ден, веќе 15 месеци, а […]

Уапсено уште едно лице осомничено за поврзаност со нападот во Лондон

17 септември 2017

Британската полиција уапсила уште едно лице под сомневање за поврзаност со бомбашкиот напад што се случи во петокот оваа недела, во метро-станицата Парсонс грин во Лондон, јавува „Би-би-си“. Станува збор за 21-годишно момче, кое синоќа било уапсено во западен Лондон. Осомничениот бил однесен во полициската станица во јужен Лондон, каде останува во притвор. 21-year-old man […]

Германија најави воведување мерки против Турција

20 јули 2017

Германското министерство за надворешни работи ќе издаде безбедносно предупредување до граѓаните на Германија кои планираат да патуваат во Турција. Ова е една од мерките против Анкара што денеска ги најави шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, по апсењето на активисти за човекови права во Истанбул, од кои еден е германски државјанин. „Имајќи ги предвид зачестените […]

Обвинителство: Разбиена досега најголема организирана група за криумчарење мигранти

11 јули 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извести дека во текот на вчерашниот ден била спроведена координирана акција со МВР против организирана група за криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места. Притоа, по поднесената кривична пријава од МВР за 23 лица, од кои еден малолетник, а четворица државјани на Албанија, Обвинителството за 22 […]

Се апсат десетици лица во две турски министерства поради наводна поврзаност со Ѓулен

6 јуни 2017

Обвинителството во Анкара издаде десетици наредби за апсење на вработени во две турски министерства во рамките на истрагата за организацијата ФЕТО на проповедникот и опозиционер Фетулах Ѓулен, јави турската телевизија „Си-ен-ен Турк“. Наредби за апсење се издадени за 30 вработени во турското Министерство за образование и за 17 вработени од Министерството за транспорт, навигација и […]

Страна 1 од 3