среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Белгија | 137 резултати

Белгиско обвинителство: Терористи не стојат зад убиството на чуварот на нуклеарната електрана

26 март 2016

Обвинителството во белгискиот град Шарлоа ја отфрли можноста за постоење траги од тероризам во убиството на припадникот на обезбедувањето на нуклеарната централа Тијанж, чија пропусница потоа е украдена. Белгиската мрежа на нуклеарни централи и другите големи инфраструктури се соочени со закана од кибернетечки напади во следните пет години, потврди координаторот на ЕУ за борба против […]

Откриен сомнителен ранец во кварт во Брисел, истрагата е во тек

26 март 2016

Четири дена по повеќекратниот напад во Брисел, во квартот Укл денеска е пронајден сомнителен ранец на улица, поради што тој дел од квартот е затворен за сообраќај, јавуваат белгиските медиуми. Полициските служби за деминирање ја испитуваат торбата, а станарите од околните згради превентивно се евакуирани. Сомнителната торба оставена пред една парфимерија ја забележало лице кое […]

Белгија: Убиен чувар на нуклеарна централа, украдена му е пропусницата

26 март 2016

Едно лице од обезбедувањето на белгиската нуклеарна електрана е убиено во градот Шарлероа, два дена по терористичките напади во Брисел, јавува локалниот весник „Дерниере хојре“. Весникот наведува дека на убиениот му е украдена пропусницата за влез во нуклеарната електрана. Шарлероа се наоѓа на 50 километри од главниотр град на Белгија. Чуварот бил застрелан синоќа, додека […]

Потврден идентитетот на вториот бомбаш самоубиец од бриселскиот аеродром

25 март 2016

Белгиското федерално обвинителство денеска официјално го потврди идентитетот на вториот бомбаш самоубиец од терористичкиот напад на бриселскиот аеродром „Завентем“. Станува збор за Најим Лакрауи, роден 1991 година. „По анализата на ДНК и по другите истражни активности извршени во последните неколку часа, федералното обвинителство може да потврди дека вториот бомбаш самоубиец од аеродромот „Завентем“, кој се […]

Антитерористичка акција во Брисел, уапсено едно лице

25 март 2016

Бриселската полиција денеска спроведе акција во квартот Шаербик, при што е уапсено едно лице. Акцијата е поврзана со вчерашното апсење на терористот во Париз. Телевизијата „Ер-те-бе-еф“ јавува дека едно лице одбивало да ги изврши полициските наредби, по што е неутрализирано. Лицето кај себе имало ковчег или торба во која се наоѓал експлозив. Началникот Бернард Клефајт […]

Кери повика на уште посилно спротивставување на тероризмот

25 март 2016

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Брисел повика на посилна борба против тероризмот и милитантната група Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападите во кои се убиени 31 лице, а повеќе од 270 се ранети. Официјални американски извори потврдија дека меѓу загинатите се наоѓаат и двајца американски државјани. Кери им изрази сочувство на […]

Белгиските власти одзедоа пропусници за влез во нуклераните централи

25 март 2016

Белгиската сојузна агенција за нуклеарен надзор на дел од вработените привремено им ги одзеде пропусниците за влез во нуклеарните електрани поради опасноста дека овие објекти може да бидат мета на терористи. Портпаролката на агенцијата, Неле Ширлинцк, денеска изјави дека „во последните неколку дена на одредени лица биле спречени да влезат во нуклеарниот комплекс“. Ширлинцк рече […]

Уапсени милитанти во Белгија и во Франција

25 март 2016

Белгиската полиција синоќа уапсила шест лица во рамки на истрагата за терористичките напади во Брисел, соопшти канцеларијата на федералното белгиско обвинителство. Одлуката за подигнување обвиненија против осомничените ќе биде донесена денеска. Нивото на антитерористичката готовност во Белгија е подигната на максимално ниво, еден час по нападите, а намалена е синоќа на трето ниво. Белгискиот министер […]

Белгискиот премиер ги отфрли оставките на двајцата министри

24 март 2016

Белгиските министри за внатрешни работи и за правосудство денеска поднесоа оставка поради нападите изведени во Брисел, но премиерот Шарл Мишел ги отфрлил, јавуваат белгиските медиуми. – За време на војна не можете да го напуштите фронтот – им порача премиерот на министерот за внатрешни работи, Јан Јамбон, и на министерот за правосудство, Коен Гинс. Белгиските […]

Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Франција

24 март 2016

Салах Абдеслам, еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, нема да се противи и нема да поднесе жалба на неговата екстрадиција од Белгија во Франција, соопштил неговиот адвокат за француските медиуми, пренесува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во петокот минатата недела, во акција на белгиската и на француската полиција […]

Терористите од Брисел сакале да нападнат нуклеарна централа

24 март 2016

Бомбашите самоубијци од Брисел, браќата Халид и Ибрахим ел Бакрау, планирале да ја нападнат белгиската нуклеарна централа, јавува весникот „Дерниер хеуре“. Весникот наведува дека апсењето на парискиот напаѓач, Салах Абдеслам, им ги забрзало плановите на терористите. Браќата поставиле скриена камера пред домот на директорот на истражувачката програма на белгиската нуклеарна централа, вели весникот. Доказите што ги собрале […]

„Би-би-си“: Главниот осомничен за нападите во Брисел и понатаму во бегство

23 март 2016

Британскиот јавен сервис „Би-би-си“, повикувајќи се белгиски медиуми, јавува дека сè уште не е уапсен Најим Лачрау, третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел. Во тек е полициска акција на подрачјето на Андерлехт. Белгискиот весник „Дерниере хуре“ претходно, повикувајќи се на полициски извори, објави дека е уапсен Лачрау, кој е роден на 18 мај 1991 година и е […]

Уапсен третиот осомничен на нападите во Брисел

23 март 2016

Третиот осомничен за нападите на бриселскиот аеродром, Најим Лачрау, наводно е уапсен во бриселската општина Андерлехт, јавува белгискиот весник „Дерниере хуре“, повикувајќи се на полициски извори. Лачрау, кој е роден на 18 мај 1991 година, е жител на белгиската општина Шаербик, која е дел од бриселскиот регион. Белгиското министерство за здравство соопшти дека во вчерашните […]

Европските лидери најавуваат одбрана на демократијата

23 март 2016

Европската унија порача дека ќе ја брани демократијата и толеранцијата и оти ќе се борат против тероризмот „на сите можни начини“ по тројниот напад во Брисел. Во заедничкото соопштение, лидерите на ЕУ наведуваат дека нападите биле удар на „отвореното демократско општество“, изразувајќи солидарност со Белгија. „ЕУ и нејзините членки се одлучни заедно да се соочат […]

Идентификувани бомбашите самоубијци од аеродромот во Брисел

23 март 2016

Двајцата бомбаши самоубијци што го извршија нападот на бриселскиот аеродром се идентификувани како браќата Ел Баркау, кои од претходно ѝ се познати на полицијата, јави белгиската телевизијата „Ар-те-бе-еф“. Белгиските власти и понатаму трагаат по третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел, кој според белгиското федерално обвинителство, сè уште е во бегство. Станува збор за 25-годишниот Најим […]

Зголемен степенот на готовност во седиштето на НАТО

22 март 2016

Седиштето на НАТО во Монс, оддалечено 65 километри од Брисел, е на висок степен на готовност поради денешните терористички напади во главниот град на Белгија. Во нападите на аеродромот и на метро-станиците во близина на седиштето на ЕУ, загинаа 34, а ранети се 230 лица, од кои десетина се во критична состојба. – Сите застанавме […]

Полициски рации во Белгија, издадена потерница за едно лице

22 март 2016

Белгиската полиција врши рации во земјата по денешните терористички напади на аеродромот и на метро-станиците во Брисел, соопшти белгиското федерално обвинителство. Властите соопштија дека можна е поврзаност меѓу нападите во Брисел и тие во Париз, но оти сè уште се истражуваат овие сомнежи. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Германија соработува со Белгија за да […]

Ванхауте одликуван за „Офицер во кралскиот ред“, вели дека за Македонија има иднина во ЕУ

22 март 2016

Амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер, вечерва на белгискиот експерт и олеснувач во работните групи, Питер Ванхауте, му го врачи одликувањето „Офицер во кралскиот ред“. Како што рече амбасадорката, ова одликување го добиваат експерти и политичари што се заслужни за развој на демократијата и на човековите права. Примајќи го одликувањето, Ванхауте рече дека му е […]

Сириска опозиција: Нападите во Брисел укажуваат на важноста на мирот во Сирија

22 март 2016

Терористичките напади во Брисел укажуваат на значењето за наоѓањето политичко решение за Сирија на преговорите во Женева, како и да се избегне „хаосот“ како во Европа, така и на Блискиот Исток, оцени денеска сириската опозиција. – Нападите уште еднаш го покажуваат лудилото на терористите, кои пустошат на Блискиот Исток и го гаѓаат срцето на Европа […]

Белгиските медиуми објавија фотографии од осомничените за нападот на аеродромот

22 март 2016

Белгиските медиуми објавија фотографија од тројца мажи за кои постои сомнеж дека го извеле терористичкиот напад на бриселскиот аеродром. Фотографијата е од безбедносните камери. На фотографијата се гледаат тројца млади мажи со темна коса, кои туркаат количка со багаж. Нивниот идентитет не е познат. Белгискиот федерален обвинител барал медиумите да не објавуваат фотографии во интерес на […]

Страна 4 од 7