fbpx
Таг: бегалска криза

таг: бегалска криза

Ципрас: Тие што ги затворија границите, нема да ги отворат повторно

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, одржа итна владина седница околу ситуацијата со бегалците. Ова е втора седница во рок од 24 часа откако бегалците успеаjа да се пробијат во Македонија преку Сува Река. Нa седницата беа и министрите за внатрешни работи, одбрана и за цивилна заштита за да се подготви грчката позиција за новиот самит на ЕУ за бегалската криза. Ципрас денеска...

Кумуцакос: На Грција ѝ се заканува и дипломатска криза

Покрај финансиската и бегалската криза, на Грција ѝ се заканува и дипломатска криза, предупредува портпаролот на опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. Тој во интервју за телевизијата „Скај“ оцени дека целата ситуација со бегалците е екстремно загрижувачка. - Ни се заканува трета, дипломатска криза. Идомени е ничија земја, без каква било контрола. Грција од транзитна држава се развива во постојана држава на живеење и...

Турција од ЕУ за мигрантите бара уште три милијарди евра и укинување на визите

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека Турција барала дополнителни три милијарди евра од Европската Унија за згрижување на мигрантите на своја територија. Шулц најави дека Европскиот парламент е подготвен да ја забрза процедурата за доделување на тие средства. Во нацрт-договорот на ЕУ и на Турција, во кој агенцијата „Ројтерс“ имала увид, се вели дека ЕУ двојно ќе го зголеми...

(Видео) Бегалски маки: За храна, тоалет и за доктор – два часа, за Македонија – со денови!

Во очајна ситуација, без елементарни услови за живот, легнати во тенки шатори на земја, во нивите околу Идомени повеќе од 14.000 бегалци од Сирија и од Ирак ја чекаат денешната одлука на европските лидери, кои во Брисел одлучуваат дали ќе се „запечати“ балканската рута и што ќе се случува со илјадниците бегалци што чекаат на Идомени. Иако условите во кампот се страшни - нема...

МВР вчера издало потврди на 30 мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 30 мигранти. Од нив, според државјанството, 12 биле со потекло од Сирија, а 18 мигранти биле ирачки државјани. Од почетокот на годината до вчера, според податоците на МВР, низ земјава поминале вкупно 87.870 мигранти, на кои им биле издадени потврди за искажана...

Меркел е загрижена поради кризата на македонско-грчката граница

Претстојниот самит ЕУ - Турција е уште позначаен сега откако е влошена ситуацијата на грчко-македонската граница, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе агенцијата „Анадолу“. На заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ во Берлин, Меркел ги критикуваше едностраните мерки што ги презедоа неколку држави за да го запрат протекот на мигрантите, што ја довело Грција во многу тешка состојба. Германската канцеларка...

ЕУ подготвува вонреден план за балканскиот коридор

Европската Унија моментално работи на подготовка за вонредни планови за Грција и за другите земји од балканскиот коридор за да се избегне хуманитарна криза како последица од бегалскиот бран од Сирија, Ирак, Авганистан и од другите земји, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева. Таа рече дека претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, за време на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, ја...

Музалас: Во Грција до следниот месец ќе има 70.000 бегалци

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, најави дека Грција поднела план за итно справување со вонредна ситуација околу бегалската криза до Брисел. Според Музалас, ако работите продолжат со истиот тек како досега, со драстично намален протек на бегалци од Грција кон Европската Унија, тогаш веќе следниот месец во Грција ќе останат заглавени околу 70.000 бегалци. Доколку работите дојдат до овој...

МВР вчера издало потврди на 310 странски државјани

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 310 мигранти. Според државјанството, 222 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, а 88 на државјани на Ирак. Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 102 се мажи, 73 се жени, 134 се...

Приведени 14 илегални мигранти

Вчера, околу 6.45 часот, полициски службеници од полициската станица Сопот, од правец на село Речица и село Ваксинце забележале како од автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички излегуваат 14 мигранти, кои веднаш почнале да бегаат. Полициските службеници ги привеле мигрантите, кои по извршениот разговор изјавиле дека за паричен надоместок биле превезени со возилото. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и...

МВР вчера издало потврди на 22 странски државјани

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 22 мигранти. Според државјанството, 15 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, а седум на државјани на Ирак. Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 10 се мажи, пет се жени, пет се деца што го придружуваат...

Колку добивaме ние, толку добива и НАТО од нашето членство во Алијансата, смета Попоски

Колку добива Македонија, толку добива и НАТО од членството на нашата земја во Алијансата. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, ова е главниот заклучок од дискусијата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во рамки на Конференцијата за безбедност што се одржа денеска во Будимпешта. Како што пишува во соопштението на Министерството, Попоски констатирал дека во поглед на регионалната...

Работен ручек на Иванов со амбасадорите од Вишеградската група

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го приреди традиционалниот работен ручек со амбасадорите на четирите земји членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорите на Чешка, Полска, Словачка и на Унгарија - Мирослав Рамеш, Јацек Мултановски, Мартин Безак и Јожеф Бенце - на кои Иванов им се заблагодари за личниот ангажман и за посветеноста во унапредување на...

АИ го осуди одговорот на Европа на мигрантската криза

Срамотен е договорот на европските држави на мигрантската криза и постои ризик дека напорите за спротивставување на заканите од напади да ја нарушат историската посветеност на Европа на почитување на човековите права, оцени „Амнести интернешанл“. Неколку членки на ЕУ воведоа гранични контроли како одговор на големиот бран мигранти и беглаци. „Европа, кој е најбогат блок на светот, не е во...

Грција реагираше против Австрија и кај холандското претседателство со ЕУ

Грција се пожали и на холандското претседателство со Европската унија за утрешниот состанок во Виена за бегалската криза, на кој не е поканет грчки претставник. Премиерот Алексис Ципрас за целата бегалска криза и за проблемите поради затворањето на границите за бегалците разговараше денеска со холандскиот премиер Марк Руте, кој овие шест месеци претседава со ротирачкото претседателство на Унијата. Според информациите...

Попоски за „Катимерини“: Македонија и Грција треба да си дадат шанса

Ниту затворањето на границите, ниту навивањето Грција да излезе од шенген-зоната, но ни користењето на ситуацијата со бегалците за Македонија да поентира за влез во Европската унија (ЕУ) и во НАТО не ѝ оди во прилог на нашата земја. Ова го посочува министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во колумна во весникот „Катимерини“ околу бегалската криза и проблематичната ситуација со македонско-грчката...

На австриската граница чекаат 400 мигранти по воведувањето на дневните квоти

Првата група од околу 400 мигранти денеска пристигнала на главниот австриски граничен премин за баратели на азил Шпилфилд (Шентиљ), откако Виена вчера ги воведе новите дневни квоти за мигранти, соопштила портпаролката на австриската полиција, Меделин Хајнрих, јавуваат агенциите. Владата во Виена, и покрај критиките на Европската комисија, оваа недела донесе одлука во земјата дневно да се примаат по 80 баратели...

Европол: Илјадници „странски борци“ на ИД, закана за безбедноста на Европа

Меѓу 3.000 и 5.000 т.н. странски борци, државјани на Европската унија, кои се обучувале во камповите на Исламска држава (ИД), се вратиле во земјите на ЕУ и претставуваат нов предизвик и закана за безбедноста на Европа, вели директорот на полицијата на Европската унија - Европол, Роб Вејнрајт, во интервју за германскиот весник „Оснабрукер цајтунг“. Според Вејнрајт, постои голема можност припадниците...

ЕУ бара да запре приливот на бегалци и да се заштитат надворешните граници

Брзо запирање на приливот на бегалците, заштита на надворешните граници на ЕУ, намалување на илегалната миграција и заштита на интегритетот на шенген-зоната се мерките што Унијата ќе ги преземе како одговор на бегалската криза со која се соочува, стои во заклучоците на Европскиот совет. Меѓу другите заклучоци, објавени денеска на веб-страницата на Европскиот совет, по првиот ден од самитот на европските лидери...

Ренци: Помалку пари за тие што не се солидарни во кризата

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги предупредил источноевропските лидери дека ЕУ би можела да им ги намали паричните средства што им ги дава за развој на сиромашните региони доколку не помогнат во решавањето на бегалската криза, наведуваат учесници на самитот на европските лидери во Брисел. - Миграциската криза е заеднички проблем на сите земји-членки на ЕУ. Ако не покажете солидарност, тогаш земјите...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...