fbpx

Кумуцакос: На Грција ѝ се заканува и дипломатска криза

-

Покрај финансиската и бегалската криза, на Грција ѝ се заканува и дипломатска криза, предупредува портпаролот на опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. Тој во интервју за телевизијата „Скај“ оцени дека целата ситуација со бегалците е екстремно загрижувачка.

– Ни се заканува трета, дипломатска криза. Идомени е ничија земја, без каква било контрола. Грција од транзитна држава се развива во постојана држава на живеење и многу се грижам дека ќе стане и држава за нелегална трговија и за шверц на бегалци – истакна Кумуцакос.

Тој цени дека вчерашното нелегално преминување на бегалците преку Сува Река создава тензија во регионот, овојпат за повеќе држави, и може да се развие во негативна, проблематична насока ако владата не преземе соодветни правилни чекори.

Кумуцакос ја обвини владата дека е неспособна да најде решение за проблемот, критикувајќи ја дека поради немање соодветни институционални претставници на Идомени, низ кампот успеал да се рашири леток за нелегално преминување на границата.

Кумуцакос најави дека лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, денеска ќе го посети кампот во Идомени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...