fbpx

Музалас: Во Грција до следниот месец ќе има 70.000 бегалци

-

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, најави дека Грција поднела план за итно справување со вонредна ситуација околу бегалската криза до Брисел. Според Музалас, ако работите продолжат со истиот тек како досега, со драстично намален протек на бегалци од Грција кон Европската Унија, тогаш веќе следниот месец во Грција ќе останат заглавени околу 70.000 бегалци.

Доколку работите дојдат до овој степен, според Музалас, неопходно ќе биде планот за справување со вонредната ситуација да се примени што побргу, односно Брисел да помогне и финансиски и преку испраќање специјални сили.

Во интервју за телевизијата „Мега“, грчкиот министер посочи дека во моментов поради ограничениот протек на бегалци и честото затворање на македонската граница за бегалците, во Грција се заглавени околу 22.000 луѓе кои чекаат да заминат за Западна Европа.

Покрај постојните пет прифатни мигрантски центри и двата центри за релокација, се планира да се отворат уште четири нови центри во близина на Солун, како и други да бидат отворени по автопатот од Солун кон Атина.

„Бегалците ќе ги распоредиме околу цела Грција. Можно е еден мал период да бидат сместени и во магацини, меѓутоа и во светски рамки вака се постапува додека да се отворат мигрантски центри“, појасни Музалас.

Министерот упати и апел граѓаните да покажат поголемо разбирање за целата ситуација и да разберат дека целата работа е привремена.

Во меѓувреме од грчката опозициска Нова демократија продолжуваат со обвинувањата дека владата се покажува неспособна да се справи со ескалацијата на бегалската криза и бараат итно свикување на лидерска средба за да се постигне некаков договор за справување со проблемот. Портпаролот на опозицијата, Јоргос Кумуцакос, истакна дека бегалската криза излегува надвор од контрола и ја обвини владата дека нема никаков план да ја реши ситуацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...