fbpx
Таг: бегалска криза

таг: бегалска криза

Македонија и Грција ги продолжуваат разговорите за мерките за градење доверба

Македонија и Грција одржаа нова рунда разговори околу мерките за градење доверба. Состанокот се одржа во Скопје, а делегациите на двете министерства за надворешни работи се фокусираа на различни прашања од билатерален интерес, како академската соработка, енергетски прашања, економија, продлабочување на соработката меѓу двете министерства. Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, разговорите се одржале во пријателска и...

Коѕиас: Периодов не разговараме за спорот за името

Спорот за името не е тема за разговор во моментов поради внатрешната криза во Македонија. Ова го порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пред неговата денешна тет-а-тет средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Двајцата министри се сретнаа на маргините на регионалниот состанок за бегалската криза, кој вчера и денеска се одржува во Солун. - Во овој период...

Во Солун средба меѓу Попоски и Коѕиас

Солун даде нова можност за билатерални разговори меѓу Македонија и Грција. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, утринава се среќава со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, на маргините на регионалниот состанок за бегалската криза, кој вчера и денеска се одржува во Солун. Средбата е нова можност да се поразговара за билатералнитe прашања, мерките за градење доверба и за продлабочување на...

Коѕиас: Македонија повеќепати го прекрши меѓународното право околу бегалската криза

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, критикува дека Македонија повеќепати го прекршила меѓународното право при справувањето со бегалската криза и се однесувала небалансирано. Во интервју за „Весник на новинарите“, Коѕиас на прашањето колку инцидентите на Идомени ги отежнуваат грчко-македоските врски, истакнува дека Грција ја предупредила Македонија добро да размисли како ќе постапува при справувањето со бегалската криза и како тоа ќе...

„Т-Портал“: Како Грабар-Китаровиќ беше искористена од Иванов и зацапа во кал

Во еден ден на потегот помеѓу Мостар и Скопје, хрватската претседателка со нејзината патувачка свита успеа да влета во три надворешно-политички гафа и да доживее инструментализација од страна на две искусни конзервативни власти во регионот, пишува хрватскиот „Т-портал“. „Требаше тоа да биде рутински лет со претседателскиот авион, налик на минатонеделниот, кога во еден ден хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, ги прелета Паг,...

Нови тензии на Идомени, бегалците туркаа стар вагон кон оклопните возила на полицијата

Ситуацијата на Идомени останува тензична по вчерашните судири. Денеска група бегалци повторно се собра на оградата и бараа од македонската полиција да ја отвори границата. Денешната комуникација, сепак, сè уште е мирна. Бегалците бараа македонската полиција да ги пушти, коментирајќи дека тие не се терористи. Одговорот од македонска страна беше дека границата не може да се отвори и бегалците беа...

Ципрас: Инцидентите на Идомени се голем срам за Македонија и за Европа

Голем срам и за Европа и за Македонија се вчерашните инциденти на Идомени, според грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ципрас остро ја критикуваше Македонија што нападнала невооружени бегалци, кои, според него, воопшто не претставувале опасност за државата и ги осуди насилните инциденти во кампот кај Идомени. Тој истакна дека вчерашните инциденти поставуваат два нови предизвици за грчката влада. Едниот од нив се странските активисти,...

Грција испрати протестна нота до Македонија за инцидентите на границата

Грција испрати протестна нота до Македонија, осудувајќи ги насилните инциденти со бегалците на границата. Според соопштението од грчкото министерство за надворешни работи, грчкиот амбасадор во Македонија, Теохарис Лалакос, до македонските власти упатил два демарша поради ситуацијата на Идомени. Лалакос истакнал дека употребата на насилство не помага да се реши проблемот со бегалците и оди против меѓународното и хуманитарното право. „Амбасадорот Лалакос јасно и...

Кирицис: Насилството врз бегалците е за осуда

Портпаролот на координативното тело за справување со бегалската криза, Јоргос Кирицис, остро реагираше на инцидентите на Идомени. Кирицис испрати порака до македонските власти да се воздржат од употреба на сила со бегалците, а апелираше и до бегалците да не веруваат во лажните информации за отворање на границата и на повиците за протести. „Употребата на солзавец, гумени куршуми и шок-бомби врз ранливи...

Полицијата запре неколку обиди за шверц на мигранти

Во текот на вчерашниот ден, полицијата во три одделни случаи кај Демир Капија открила вкупно 21 илегален мигрант од Пакистан и од Ирак. Полициски службеници од Неготино вчера, околу 1.30 часот, во близина Демир Капија, забележале две патнички возила во кои се превезувале илегални мигранти. Едното патничко возило, „пежо 206“ со бугарски национални ознаки, било управувано од Х.Д. (22) од Прилеп...

Тројца полицајци повредени во судирот со мигрантите

Тројца припадници на полицијата се повредени во судирот што попладнево се случи на македонско-грчката граница, меѓу припадниците на МВР и група мигранти кои насилно се обиделе да ја преминат границата, потврдија за „Мета“ од МВР. Полицајците биле итно префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија. Претходно, полицијата фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци што протестираа на оградата кај Идомени. Грчките медиуми јавуваат дека дел...

Солзавец и протести на македонско-грчката граница

Македонската полиција фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци што протестираа на оградата кај Идомени. Грчките медиуми јавуваат дека дел од бегалците се онесвестени и имаат проблеми со дишење поради инцидентите. Бегалците од изутринава повторно протестираат на оградата со барање да се отвори границата. Во кампот вчера се проширил леток на арапски јазик, преку кој бегалците се повикуваат на собир и на протест во...

Коѕиас на средба со Нимиц на 17 април

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, следната недела ќе се сретне со посредникот Метју Нимиц. Средбата е закажана за 17 април и ќе се одржи надвор од Грција, веројатно во Брисел или Луксембург, каде Коѕиас ќе биде на работна посета идната недела. Главната тема ќе бидат преговорите околу името, ќе се претстават грчките иницијативи, напредокот, ситуацијата и климата која владее околу...

Иванов за „То Вима“: Бегалската криза е можност да ги надминеме недоразбирањата

Затворањето на Балканската рута и е од корист на Грција, тврди македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во интервју за грчкиот весник „То Вима“. Во интервјуто Иванов упатува остри критики до Грција дека слабо одговара на македонските предлози за подобрување на соработката и комуникацијата меѓу двете страни, а ја обвинува и за проблематично справување со бегалската криза и заштита на границите,...

Уапсени двајца Грци во Пиреа поради ширење на лажни информации меѓу бегалците

Грчката крајбрежна стража уапсила двајца Грци поради измама и ширење на лажни информации меѓу бегалците во пристраништето Пиреа, кај Атина, јавуваат локалните медиуми. Две момчиња, на возраст од 23 и 21 година, според информациите на крајбрежната стража, ширеле гласини меѓу бегалците дека грчката граница е отворена и им понудиле за одредена сума на пари да ги префрлат преку границата. Тие биле...

Павлопулос со остри критики до македонската влада за обид за фалсификување на историјата

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно упати остра порака до македонската влада дека со обидите за фалсификување на историјата и дека со односот кон бегалската криза, нашата држава нема да има европска иднина. Во пораката за утрешниот национален празник, грчкиот ден на независноста, Павлопулос се фокусираше на бегалската криза, говореше за грчката солидарност, апелираше до Европа да се сети на нејзините...

Бан Ки-мун: Бариерите нема да ја решат бегалската криза

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, оцени дека градењето бариери нема да ја реши бегалската криза во Европа и ги повика политичките лидери да ја следат германската канцеларка Ангела Меркел во борбата со актуелната криза. Во интервју за денешното издание на весникот „Билд“, Бан Ки-мун рече дека „градењето ѕидови, дискриминацијата или враќање луѓе не се одговор на проблемот. Тој, исто така,...

Лидерите на ЕУ договорија заеднички став за Турција

Челниците на 28 земји на првиот ден од самитот во Брисел договорија заеднички став, но не и текст на спогодбата што ќе ѝ ја понудат на Турција за решавање на бегалската криза. Неколку челници на ЕУ, по завршувањето на првиот ден од самитот, на „Твитер“ објавија дека е постигнат заеднички став кој денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на...

Иран сака потесна соработка со Европа за бегалската криза

Иранскиот министер за внатрешни работи, Абдул Реза Рахмани-Фазли, ѝ нуди на Европа соработка во совладувањето на бегалската криза. Тој во изјава за новинарите во Виена рече дека бегалците сè повеќе стануваат меѓународна тема и дека досега нема сериозна соработка со Европа. Рахмани-Фазли оцени дека за бегалската криза и за воспоставувањето мир во регионот е неопходна „колектива соработка“ и додаде дека сè...

Микл-Лајтнер: Австрија и Германија не можат сами да ја решат бегалската криза

Потребно е заедничко европско решение за бегалската криза затоа што Австрија и Германија не можат сами да ја решат, оцени денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер, во обраќање пред федералниот парламент во Виена. - Лани добивме повеќе од 89.000 барања за азил. Тоа е повеќе од сите други земји членки на ЕУ заедно. Австрија ја оправда својата хуманитарна традиција....

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...