fbpx

„Т-Портал“: Како Грабар-Китаровиќ беше искористена од Иванов и зацапа во кал

-

Во еден ден на потегот помеѓу Мостар и Скопје, хрватската претседателка со нејзината патувачка свита успеа да влета во три надворешно-политички гафа и да доживее инструментализација од страна на две искусни конзервативни власти во регионот, пишува хрватскиот „Т-портал“.

„Требаше тоа да биде рутински лет со претседателскиот авион, налик на минатонеделниот, кога во еден ден хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, ги прелета Паг, Приштина и Пантовчак. Прво, во Мостар на рутинско предавање на студенти, потоа скок до Македонија во посета на хрватските полицајци, неколку реченици за загриженост и добра фотографија на котата 59. Домашната јавност ќе биде импресионирана, Европа среќна, Америка среќна, сите среќни“, стои во коментарот.

„Следуваше лет до Скопје. Можеби посетата би поминала бенигно, да не беше македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој половина час пред да слета хрватската претседателка, донесе одлука која инаку би мислеле дека се случува некаде во Белорусија или Туркменистан. Човекот со општ акт ги помилува политичарите осомничени за тешки казнени дела од изборни измами до корупција. Дури и ако ја оправдаме хрватската претседателка дека во Мостар и во Скопје се нашла во погрешно време, на погрешно место, автоголот што си го даде беше предизвикан од изјавата дека во спречување на бегалската криза не се употребуваат гумени куршуми, туку само солзавец и водени топови. И ова го кажа еден ден пред да се увери во тоа и да отиде во Гевгелија. Така, во еден ден хрватската претседателка влета во три надворешно-политички гафови. На Балканот, дефинитивно е лесно да зацапаш во кал“, заклучува коментаторот.

Како што пишува порталот, удолу тргнало уште за време на средбата со српскиот премиер во Мостар. Било планирано средбата со Александар Вучиќ да ја забележат што помалку медиуми. За среќа на медиумите, тврди порталот, Вучиќ е преголем егзибиционист, а исто така и во предизборна кампања на пат кон апсолутна власт во Србија. Така Грабар-Китаровиќ, зад некоја дрвена херцеговачка маса, десетина минути му статираше на Вучиќ во кампањата и му помогна да се прикаже како цивилизиран лидер, кој, за разлика од лидерите на радикалите, со хрватскиот претседател разговара милно и понизно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...