Коѕиас: Периодов не разговараме за спорот за името

-

Спорот за името не е тема за разговор во моментов поради внатрешната криза во Македонија. Ова го порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пред неговата денешна тет-а-тет средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Двајцата министри се сретнаа на маргините на регионалниот состанок за бегалската криза, кој вчера и денеска се одржува во Солун.

– Во овој период не разговараме за ова прашање. Соседната држава се наоѓа во голема внатрешна криза, која треба да се земе предвид за да се има перспектива за тоа колку е можно да се решат посериозни прашања – забележа Коѕиас.

Двајцата министри на меѓусебната средба, која помина во добра клима, се фокусираа на билатералните односи, на прашања за подобрување на заемната соработка и на соработката околу бегалската криза, која важи за заеднички проблем, како и на продолжување на дијалогот и на спроведувањето на мерките за градење доверба. Коѕиас посочи дека кон постојните мерки се размислува да се додадат и нови, кои ќе помогнат за продлабочување на соработката на повеќе нивоа.

– Имавме две рунди средби и разговори околу мерките за градење доверба. Петрос Мавроидис, политичкиот директор на Министерството за надворешни работи, ќе биде на 25 април во Скопје, за третата рунда разговори за мерките за градење доверба. Веќе се имаме договорено за 11 мерки и се додаваат и нови, кои се за подобрување на развојот на економските и на општествените врски и од грчка и од нивна страна. Покрај мерките за градење доверба, веќе почнавме нешто што во меѓународната дипломатија се нарекува политички дијалог со ова држава, односно процена на состојбата во регионот – истакна Коѕиас.

Двајцата министри, покрај денешната билатерална средба, вчера на работната вечера имаа и неформална средба и разговор.

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Нашата земја направи исчекор и усвои модерно, инклузивно и праведно решение за формализирање на непријавениот труд. Со Законот за работно ангажирање на лица се поставува формална рамка за препознавање и заштита...

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка волја, усогласеност...

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Во април 2025 година, вкупните депозити на граѓаните (домаќинствата) достигнале 408.621 милиони денари, што претставува годишен раст од 12 отсто, соопшти Народната банка (НБРСМ). Овој пораст, како што велат од банјата,...

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Обвинителката Ленче Ристоска утрово на нејзиниот Фејсбук профил објави дека поради нејзината апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, станала мета на неосновани напади и клеветнички изјави. „Денес...

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Нашата земја направи исчекор и усвои модерно, инклузивно и праведно решение за формализирање на непријавениот труд. Со Законот за работно ангажирање на лица се поставува формална рамка за препознавање...