fbpx

Павлопулос со остри критики до македонската влада за обид за фалсификување на историјата

-

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно упати остра порака до македонската влада дека со обидите за фалсификување на историјата и дека со односот кон бегалската криза, нашата држава нема да има европска иднина.

Во пораката за утрешниот национален празник, грчкиот ден на независноста, Павлопулос се фокусираше на бегалската криза, говореше за грчката солидарност, апелираше до Европа да се сети на нејзините основни вредности, а испрати и порака до балканските држави дека треба да покажат поголема хуманост за бегалците.

Павлопулос во пораката истакнува дека Грција бара од Европската Унија да се сети на своите вредности и да се однесува во согласност со европската култура и со тоа да ги изолира екстремните гласови кои предлагаат антиевропски идеи и се однесуваат недемократски и нехумано. Грчкиот претседател истакна дека истото го бараат и од балканските држави и, индиректно обраќајќи се на Македонија, обвини за обиди за иредентизам и за фалсификување на историјата.

– Ова го бараме и од соседните балкански држави, кои имаат амбиција да се интегрираат во Европската Унија. Ним им посочуваме дека со претензии кон имиња кои брутално ја фалсификуваат историјата и шират иредентизам, но и со варварските акти врз бегалците немаат европска иднина бидејќи вака директно ги прекршуваат европските принципи и вредности – вели Павлопулос во пораката по повод грчкиот државен празник.

Павлопулос пред само една недела од Солун упати слична критика до македонската влада, коментирајќи дека со кревањето жичени огради за бегалците директно одиме против европските вредности и за таква Македонија ќе нема место во Европската Унија.

Според грчкиот претседател, Грција и покрај економските и социјалните проблеми хумано се справува со бегалската криза, однесување кое одговара на нејзината античка и христијанска историја.

Павлопулос доаѓа од редовите на десничарската Нова демократија, но беше едногласно одобрен и од СИРИЗА. Во оваа една година, колку што е на власт, често наоѓа можности да ги нападне и да ги критикува македонските политичари и да обвини за иредентизам и за обид за македонско фалсификување на грчката историја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...