Тројца припадници на полицијата се повредени во судирот што попладнево се случи на македонско-грчката граница, меѓу припадниците на МВР и група мигранти кои насилно се обиделе да ја преминат границата, потврдија за „Мета“ од МВР.
Полицајците биле итно префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија.
Претходно, полицијата фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци што протестираа на оградата кај Идомени.
Грчките медиуми јавуваат дека дел од бегалците имаат проблеми со дишењето поради вдишувањето солзавец.