fbpx

Грција испрати протестна нота до Македонија за инцидентите на границата

-

Грција испрати протестна нота до Македонија, осудувајќи ги насилните инциденти со бегалците на границата.

Според соопштението од грчкото министерство за надворешни работи, грчкиот амбасадор во Македонија, Теохарис Лалакос, до македонските власти упатил два демарша поради ситуацијата на Идомени.

Лалакос истакнал дека употребата на насилство не помага да се реши проблемот со бегалците и оди против меѓународното и хуманитарното право.

„Амбасадорот Лалакос јасно и на најкатегоричен начин посочи дека употребата на насилство на ниеден начин не помага за решавање на бегалскиот проблем и целосно се коси со релевантните одредби на меѓународното и хуманитарното право. Тој ги повика властите на соседната држава да одговорат соодветно на условите на ситуацијата и да покажат соодветна одговорност, воздржаност и трезвеност“, се вели во соопштението од грчкото МНР.

Партијата на грчките социјалисти, ПАСОК, побара од премиерот Алексис Ципрас да си даде оставка бидејќи владата одново покажала дека е отсутна и не е способна да ги заштити ниту грчките граѓани, ниту бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...