fbpx
Таг: бегалска криза

таг: бегалска криза

ЕУ ќе ѝ се закани на Грција дека ќе ја исклучи од шенген-зоната

По заканата за напуштање на еврозоната, Грција се соочува со предупредувања и со закани за можен излез од шенгенската зоната. Ова го пренесуваат грчките весници „Катимерини“ и „Прото тема“, коментирајќи дека земјите-членки на Европската унија (ЕУ) веќе почнуваат да испраќаат сериозни предупредувања до Грција дека доколку не ги спроведе мерките за бегалската криза договорени на Самитот на ЕУ, може...

ЕУ и Турција постигнаа договор за решавање на мигрантската криза

Претставниците на Европската унија и на Турција синоќа во Брисел постигнале договор за начините за надминување на бегалската криза. На прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Турција, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, соопштија дека е утврден акциски план за справување со проблемот со имигрантите. Според планот, Турција ќе добие три...

Три милијарди евра и безвизен режим со ЕУ ако Турција ги задржи мигрантите надвор од Европа

Турција ќе добие помош од три милијарди евра, безвисен режим за нејзините граѓани во шенген-зоната и рестартирање на закочените преговори со Европската унија доколку се справи со приливот на бегалци и успее да ги задржи мигрантите надвор од Европа. Ова се наведува во нацрт-заклучоците од акциониот план околу кој вечерва треба да се договорат Европската унија и Турција на...

Лидерска средба во Грција за бегалската и за внатрешно-политичката криза

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерите на мнозинството грчки партии денеска ќе се соочат на лидерска средба во претседателската палата. На политичкото „мени“ ќе се најдат бегалската криза, но и голем број внатрешни политички проблеми, кои повторно создаваат имиџ на раздор отколку на соработка меѓу сите политички сили за излез од финансиската криза. Покрај бегалската криза, која особено по оградата...

Македонија досега од ЕУ добила помош само по 20 денари за бегалец

Од 19 јуни до вчера низ Македонија минале 276.303 мигранти. И покрај најавите од ЕУ, земјава има добиено 90.000 евра помош - или околу 20 денари по бегалец - иако сите европски функционери, и кога минувале во Скопје и од Брисел, најавувале многу повеќе. Тоа беше случајот и вчера, при посетата и средбите на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск,...

Иванов во дводневна посета на Брисел, ќе се сретне со Тимерманс и Столтенберг

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, соопштија од кабинетот на претседателот. Како што е предвидено, Иванов денеска ќе се сретне со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, а утре македонскиот претседател ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници...

Иванов: Грција не соработува со македонските институции за бегалската криза

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, упати апел до Грција да не дозволи проблемот за името да биде пречка за соработка на двете земји на полето на безбедноста и во справувањето со бегалската криза, а областа на безбедноста и понатаму да биде заложник на нерешениот спор за името. - За време на самитот за бегалската криза во Брисел, имав средба со премиерот Алексис Ципрас...

Бодликава жица на границата со Грција ако бегалската криза излезе од контрола

Советот за безбедност по синоќешната седница, која траела до доцна во ноќта, изрази најостра осуда за терористичките напади во Париз и длабоко и искрено сочувство до граѓаните на Француската Република. Во врска со заканите од насилниот екстремизам и од странските терористички борци, констатирано е дека институциите редовно преземаат мерки и информираат. Безбедносните служби реферирале за сите предизвици и потенцијални закани со кои...

Шведска воведе привремени гранични контроли за мигрантите

Шведска денеска воведе привремени гранични контроли за мигрантите што влегуваат во земјата, јавуваат медиумите. Kонтролите, според властите во земјата, се воведени бидејќи големиот наплив нови мигранти би можел да биде закана за јавниот ред. Шведскиот министер за внатрешни работи, Андерс Игеман, како што пренесува „Би-Би-Си“, изјавил дека лево-центристичката влада дејствувала во насока „да ја одржи безбедноста и стабилноста во земјата, односно...

СЕП: Потребна е понатамошна меѓународна помош за справување со бегалската криза

Секретаријатот за европски прашања денеска организираше втора донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и на мигранти, за координирање на напорите и на акциите на сите засегнати страни во справувањето со овој предизвик во глобални размери. На конференцијата се обратија заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, евроамбасадорот Аиво Орав, директорката на Центарот за управување...

Хан: Република Македонија не е паркиралиште за бегалците

Република Македонија не е паркиралиште за бегалците, повтори еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, за време на заедничката прес-конференција со премиерот Никола Груевски. - Земјите од Западен Балкан се жртви на ситуацијата на Блискиот Исток. Вие сте соочени со наплив на бегалци. Европската унија помага во справувањето со кризата и се надевам дека следната недела ќе биде...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...