fbpx
Таг: бегалска криза

таг: бегалска криза

Ципрас оди во Брисел да лобира против затворање на границата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, но и неговиот опонент Кирјакис Мицотакис, денеска заминуваат во Брисел. Првиот на средби со европскиот врв и на самитот на Европската унија за бегалската криза, а вториот на состанокот на Европската народна партија (ЕПП), првпат во официјална функција како лидер на Нова демократија. И Ципрас и Мицотакис ќе имаат бројни средби со високи европски функционери за да...

Соботка: Вишеградската група има цел да им помогне на балканските земји

Политичките и економските односи меѓу Македонија и Чешка се во континуирана нагорна линија, заклучија македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, и чешкиот премиер, Бохуслав Соботка, на средбата во Прага што се одржа попладнево пред вонредниот самит на Вишеградската група. На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, било разговарано за можностите за понатамошно унапредување на односите во сите области кои се...

ЕК е против затворање на македонската граница со Грција

Европската комисија се залага за управување со границите, а не за нивно затворање, изјави портпаролката на Европската комисија, Тове Ернст, на прашањето како се коментираат повиците на Вишеградската група за Македонија да ја затвори границата со Грција. - Европската комисија ја поздравува помошта за Македонија што ја даваат членките на ЕУ за контрола на границата со Грција, преку испраќање полициски и...

Попоски – Кундерс: Потребна е соработка и заедничко решение за кризата

Потребно е заедничко решение и координирање на напорите за решавање на бегалската криза, заклучија вчера во Скопје министрите за надворешни работи на Македонија и на Кралството Холандија, Никола Попоски и Берт Кундерс. Попоски рече дека во интерес на Македонија е да соработува со земјите од соседството, но и со сите што на билатерално или на европско ниво ѝ даваат поддршка на...

Курц, Заоралек и Хан во наредните 10 дена во посета на Македонија

Австрискиот и чешкиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц и Лубомир Заоралек, оваа недела ќе ја посетат Македонија, каде главен фокус ќе им биде бегалската криза. Посетата на Курц во Македонија е дел од неговата турнеја на земјите од Западен Балкан. Курц пред два дена беше во посета на Сараево, а вчера замина за Белград. Тој, освен Скопје, ќе ги посети...

ЕБРД: Финансиски пакет од 900 милиони евра за бегалската криза

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) соопшти дека ќе настојува да инвестира 900 милиони евра во рамките на меѓународните напори за решавање на бегалската криза. - ЕБРД се приклучува во меѓународните напори во борбата против бегалската криза, која ја предизвика граѓанската војна во Сирија, со финансиски пакет чијашто вредност би можела да достигне 900 милиони евра и кој би...

Јолевски во САД побарал на Македонија да ѝ се даде покана за членство во НАТО

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска присуствуваше на тркалезната маса што се одржа во Комитетот за вооружени сили во Сенатот на САД. Говорници на настанот биле сенатори, конгресмени и претставници од Југоисточна Европа. Како што информираат од Министерството за одбрана, Јолевски истакнал дека интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и во Европската унија ќе придонесе за понатамошно зајакнување на земјите од...

Попоски: Или ќе го решиме проблемот со контрола на границите, или тој ќе нè реши нас

Европа не е подготвена да има уште една година како 2015, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во своето обраќање на вториот неформален министерски состанок на ПСЈИЕ што се одржа денеска во Софија, на кој главна тема беше мигранцискиот предизвик со кој се соочува Европа. - Политичкиот притисок е сериозен и кај земјите на прием на мигранти, но и...

Министерот Рот дебатираше со студентите: Сработете си ја домашната задача

Политичката криза мора веднаш да се реши, а времето е лимитарно за да се спроведат реформите и целосно да се имплементира Договорот од Пржино, рече Михаел Рот, државен министер во германското МНР, на дебатата со студентите на Правниот факултет. - Имплементацијата на Договорот од Пржино е далеку од тоа што треба да биде, сите рокови се пробиени, се опструира работата...

Илјадници бегалци чекаат од грчката страна на Богородица да преминат во Македонија

Во Грција продолжува да се зголемува паниката дека државата ќе остане заглавена со илјадници бегалци и мигранти. Грчките медиуми јавуваат дека граничниот премин кај Богородица, односно Идомени е преполнет со бегалци од грчка страна бидејќи македонските граничари пропуштаат многу мал број бегалци и мигранти. Според информациите од грчката полиција, минатата ноќ се пропуштени 750 бегалци, додека во бегалскиот камп кај Идомени својот ред...

Рот се сретна со Попоски, Груевски и со Заев

Државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот, денеска се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Министерот Попоски на средбите истакнал дека внатрешните политички предизвици се надминуваат низ инклузивен процес, кој треба да се заокружи час поскоро и без одложување на претстојните парламентарни избори во април. Попоски...

Попоски – Рот: Потребно е трајно и одржливо решение за бегалската криза

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, се сретна државниот министер за Европа во германското министерство за надворешни работи, Михаeл Рот, со кој разговарал за евроатланската интеграција на Македонија и за бегалската криза. Министерот Попоски истакнал дека внатрешните политички предизвици се надминуваат низ инклузивен процес, кој треба да се заокружи час поскоро и без одложување на претстојните парламентарни избори во април. Кредибилни избори...

Меркел: Балканците се вратија дома, ќе се вратат и Сиријците

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека барателите на азил од Сирија и од Ирак ќе се вратат во своите земји кога таму ќе завршат воените конфликти. Како што рече, 70 отсто од тие што од Балканот во деведесеттите години на минатиот век побегнале во Германија, се вратиле дома. И покрај напорите бегалците да се интегрираат и да им се понуди помош, важно...

Туск: Шенген-зоната ќе пропадне ако не се справиме со бегалската криза

Европа за помалку од два месеци треба да ја стави под контрола бегалската криза, во спротивно ќе дојде до пропаѓање на шенген-зоната, оцени денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. – Немаме повеќе од два месеца работите да ги ставиме под контрола-  изјави Туск во Европскиот парламент, додавајќи дека во спротивно, ќе се случи колапс на Шенгенскиот договор. Туск смета дека...

ВМРО-ДПМНЕ најмила консултантска фирма од САД за промоција на Груевски

Владејачката партија ВМРО - ДПМНЕ ја најмила американската консултантска агенција „Њу партнерс“, која според договорот, треба да ја промовира Македонија и претседателот на партијата и премиер Никола Груевски, пишува американскиот неделник „Пи ар вик“. Неделникот се повикува на документите објавени на интернет-страницата на Државната агенција за регистрација за странски соработници во Министерство за правда на Соединетите Американски Држави (САД). Документот е...

Иванов со членовите на Управувачкиот комитет разговараше за мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска одржа состанок со членовите на Управувачкиот комитет, тело на Владата за координација и за управување со системот за управување кризи, и со припадници на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, во врска со справувањето со бегалската и мигрантска криза. Состанокот се одржал за претседателот Иванов да ги запознае членовите на комитетот за неодамнешната средба...

Името и бегалската криза во фокусот на средбата Коѕиас – Попоски

Спорот за името и бегалската криза ќе бидат на врвот на агендата на денешниот состанок меѓу шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, во Атина. Во Атина владее воздржан оптимизам за исходот од посетата, со оцени дека работите се раздвижени, мразот полека се топи и дека условите за наоѓање компромис се значително подобри од...

Хан: Ќе дадеме поддршка за преговори ако има успешни избори

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, синоќа во Брисел се сретнал со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, со кого разговарал за имплементацијата на Договорот од Пржино, приоритетните реформи во Македонија, како и за мигрантската криза. Попоски и Хан, во однос на спроведувањето на Договорот од Пржино, констатирале дека е најважно што поскоро да се договори составот на Државната...

Туск: Проверките на мигрантите пред да влезат во ЕУ ќе траат и по 18 месеци

Мигрантите што ќе сакаат да влезат во Европа ќе минуваат низ долги проверки, кои е можно да траат и до 18 месеци, изјавил денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во интервју за шест европски дневни весници. „Да не бидеме лицемерни - ова веќе не е прашање за меѓународна солидарност, туку проблем на европските капацитети. Европејците ќе бидат помалку резервирани ако...

Иванов: Состојбата на јужната граница е високоризична

„Во моментов има 110 македонски граѓани кои се во Сирија, 69 се вратени, а досега 25 го загубиле животот. Наместо полицијата да ги користи ресурсите за следење и за превенирање на можни непосакувани акти од такви лица, нашите ресурси се на границата, да се справуваат со мигрантската и бегалска криза“, изјави претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во синоќешното интервју...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...