fbpx

Попоски: Или ќе го решиме проблемот со контрола на границите, или тој ќе нè реши нас

-

Европа не е подготвена да има уште една година како 2015, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во своето обраќање на вториот неформален министерски состанок на ПСЈИЕ што се одржа денеска во Софија, на кој главна тема беше мигранцискиот предизвик со кој се соочува Европа.

– Политичкиот притисок е сериозен и кај земјите на прием на мигранти, но и во тие по патот. Има одлучност да се стават во функција сите средства за да се контролираат мигрантските текови, со прием и со регистрирање на основаните баратели на азил, но и со спречување на нелегалната миграција. Грција и Македонија се на ударната линија во овие напори. Од тоа како ќе се справуваме, ќе знаеме уште во првиот квартал од 2016 година каква ќе биде годината. Ќе знаеме и кој ќе биде трендот – рече Попоски.

На министерскиот состанок под бугарско претседателство била истакната поддршка за македонските напори за справување со кризата.

– Чувме многу конкретни и мудри предлози за помош на Македонија во луѓе, опрема и финансии од земји во регионот. Сето ова е во насока на помагање на нашите напори за контрола на границата и за обезбедување сигурен и хуман транзит на основани баратели на азил во ЕУ. Се чини дека се размислува во вистински правец – заклучи Попоски.

На министерскиот состанок се говорело и за евроинтеграциите и за важноста за земјите-членки на ЕУ од регионот да бидат мотор на регионалните интеграции, особено во услови на бројни предизвици и закани за европскиот проект.

Според Попоски, за Македонија, најважно е тие што ни се најблиски да ни дадат најсилна поддршка кон ЕУ и кон НАТО.

– Без нив не е само тешко туку речиси невозможно. Затоа ќе работиме со нашите соседи на зближување без разлика колку брзо ќе се движи планот на ЕУ и на НАТО за интегрирање на другите земји од Балканот. Тоа ни е најдобра можност – рекол Попоски.

Во рамки на состанокот се усвои и заедничка декларација за предизвиците од миграциите на која земјите-членки на ПСЈИЕ се согласија на заеднички пристап во справувањето со овој предизвик.

На маргините на состанокот, Попоски остварил и билатерални средби со неговите колеги, бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов, и романскиот министер за надворешни работи, Лазар Команеску.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...