fbpx

Попоски – Кундерс: Потребна е соработка и заедничко решение за кризата

-

Потребно е заедничко решение и координирање на напорите за решавање на бегалската криза, заклучија вчера во Скопје министрите за надворешни работи на Македонија и на Кралството Холандија, Никола Попоски и Берт Кундерс.

Попоски рече дека во интерес на Македонија е да соработува со земјите од соседството, но и со сите што на билатерално или на европско ниво ѝ даваат поддршка на земјата во справувањето со предизвикот. Тој рече дека Македонија работи на воспоставување целосна контрола и спречување на илегални премини за да не се повторат настаните од минатото лето во Грција.

– Имаме обврска да го направиме тоа, делумно и затоа што сакаме да бидеме дел од ЕУ и од шенген-зоната и мораме во оваа фаза да демонстрираме капацитет дека тоа можеме да го направиме кога треба. Македонија де факто во практика докажа дека може да ја контролира својата граница и да спречи нелегални влезови – рече Попоски.

Шефот на македонската дипломатија рече дека Македонија нема никому да докажува колку е хумана земја и колку нејзиното население се грижи за луѓе кои се во тешка ситуација.

– Македонија воедно е земја која веројатно има примено најмногу бегалци по жител во минатите 25 години независност. Тоа и во овој случај го докажуваме бидејќи без разлика на тоа што околу 800.000 луѓе имаат поминато низ наша територија, што е речиси половина од нашето население, ние сме обезбедиле хуман третман за тие луѓе – рече Попоски.

Шефот на холандската дипломатија изрази благодарност до Македонија за исполнувањето на своите обврски и за одговорноста, поврзани со регистрацијата на бегалците, додавајќи дека само транзитот не е решение.

Кундерс рече дека Холандија, како претседавач со ЕУ, смета дека е од особена важност да се разговара со Австрија, Грција и со Македонија за да се најде соодветно решение за мигрантската криза. Тој рече дека граничната контрола мора да биде според европските и светските стандарди и изрази надеж дека е можно да се избегне домино-ефект и неконтролирана состојба.

На новинарско прашање во врска со најавите на Австрија за затворање на границата, Кундерс рече дека неделава на Самитот на ЕУ ќе се разговара за тоа како да се избегнат еднострани одлуки.

– Живеам во земја која прими околу 60.000 бегалци минатата година, кои поднеле барање за азил и ние спроведуваме зајакната контрола на нашата граница, како што го прави тоа и Македонија – рече Кундерс.

Холандскиот министер, по средбите во Скопје, ќе го посети Прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија, по што ќе замине за Атина, каде со грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе разговара за поефикасен надзор на надворешните граници на ЕУ и за подобрување на регистрацијата на бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...