fbpx

ВМРО-ДПМНЕ најмила консултантска фирма од САД за промоција на Груевски

-

Владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ ја најмила американската консултантска агенција „Њу партнерс“, која според договорот, треба да ја промовира Македонија и претседателот на партијата и премиер Никола Груевски, пишува американскиот неделник „Пи ар вик“.

Неделникот се повикува на документите објавени на интернет-страницата на Државната агенција за регистрација за странски соработници во Министерство за правда на Соединетите Американски Држави (САД).

Документот е регистриран на 17 декември, а како датум на кој консултантската фирма почнува со својата работа, според документите, е означен 1 декември 2015 година.

Според документите, за услугите фирмата месечно ќе добива 54.000 американски долари.

Како што пишува „Пи ар вик“, повикувајќи се на документите, консултантската агенција ќе обезбедува промовирање на Македонија, а особено на улогата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во бегалската криза.

Агенцијата, исто така, треба да обезбеди услуги што ќе го олеснат пристапот до западните медиуми, а нејзините должности, како што пишува неделникот, ќе бидат и пишување поенти, изјави и мислења.

Како лице за контакт од владејачката партија во документите се наведува пратеникот Александар Николовски.

Според неделникот, консултантската фирма „Њу партнерс“ досега работела со клиенти и на проекти како што се Националната фудбалска лига (НФЛ), Барак Обама и за филмските награди „Оскар“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...