fbpx

Иванов со членовите на Управувачкиот комитет разговараше за мигрантската криза

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска одржа состанок со членовите на Управувачкиот комитет, тело на Владата за координација и за управување со системот за управување кризи, и со припадници на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, во врска со справувањето со бегалската и мигрантска криза.

Состанокот се одржал за претседателот Иванов да ги запознае членовите на комитетот за неодамнешната средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери, и со претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, на која биле разменети информации за моменталните состојби и за мерките и за активностите на ЕУ за менаџирање на мигрантската и бегалска криза.

„Претседателот Иванов искажа задоволство од одговорниот пристап кон кризата од страна на претседателот Туск, како и задоволство што предлозите, кои се однесуваат на намалување на безбедносните ризици кои македонскиот претседател ги изнесе на состанокот, беа прифатени и влегоа во заклучоците на Европскиот совет, со акцент на помош од ЕУ за Република Македонија во вршење на регистрација на мигрантите и бегалците, во согласност со стандардите на Европската унија“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Иванов побарал од Управувачкиот комитет и од сите вклучени институции во справувањето со мигрантската и бегалската криза и понатаму со максимална посветеност да продолжат со своите мерки и активности, за заштита на државната граница, контрола врз мигрантите, намалување на безбедносните ризици и за остварување на сигурноста на граѓаните на Република Македонија и на нивниот имот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...