Лидерска средба во Грција за бегалската и за внатрешно-политичката криза

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерите на мнозинството грчки партии денеска ќе се соочат на лидерска средба во претседателската палата. На политичкото „мени“ ќе се најдат бегалската криза, но и голем број внатрешни политички проблеми, кои повторно создаваат имиџ на раздор отколку на соработка меѓу сите политички сили за излез од финансиската криза.

Покрај бегалската криза, која особено по оградата на македонска страна и засилените контроли за приливот на бегалци создава голема тензија во Грција, Ципрас заедно со лидерите на Нова демократија, ПАСОК, Река, Незавицни Грци и Партијата на центристите ќе разговара за неопходноста за национален дијалог, компромис и разбирање за клучните теми и реформи кои европските партнери ги очекуваат од Грција, а за кои мнозинството партии ги поддржаа летово за Грција да избегне проблематично исклучување на државата од еврозоната.

Според информациите, Ципрас нема да бара строго национално единство, туку конструктивен дијалог со сите страни за подобро справување со ситуацијата. Дали ќе успее идејата за соработка на Ципрас со целиот спектар политички партии во грчкиот парламент ќе успее, ќе се види по завршувањето на средбата.

Првичните коментари на лидерите на опозициските партии дека Ципрас со ова покажува дека не е способен целосно сам да донесе одлуки, сепак, тешко влеваат оптимизам во Грција дека би можело да се постигне национално единство и поголема поддршка за реформите што државата ќе мора да ги примени за да остане во колосек за нејзината европска иднина.

Премиерот Ципрас преку државната телевизија испрати порака дека бегалската криза не е проблем на една држава, туку веќе прерасна во хуманитарна криза. Побара помош од Европа за подобро справување со овој проблем.

„Ја предупредивме Европа дека оградите и затворените граници ќе доведат до безизлез. Европа се соочува со поголема опасност ако го ограничи слободното движење и поради тоа е неопходно ефикасно справување со бегалската криза“, истакна Ципрас.

Тој посочи дека државата се придружува до обврските договорени во ЕУ за изградба на прифатилишта и на центри за регистрирање на бегалците.

„Европа треба да разбере дека Грција ги чува границите на ЕУ. Ниту оградите ниту, пак, префрлањето на проблемот од една во друга држава може да ги запрат бегалците кои бегаат од војната и од сиромаштијата“, додаде Ципрас.

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка волја, усогласеност...

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Во април 2025 година, вкупните депозити на граѓаните (домаќинствата) достигнале 408.621 милиони денари, што претставува годишен раст од 12 отсто, соопшти Народната банка (НБРСМ). Овој пораст, како што велат од банјата,...

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Обвинителката Ленче Ристоска утрово на нејзиниот Фејсбук профил објави дека поради нејзината апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, станала мета на неосновани напади и клеветнички изјави. „Денес...

Хорор игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“ бесплатни на платформата Epic Games до четврток

Oваа недела Epic Games нудат две бесплатни хорор игри на промоција да се превземат до четврток. Се работи за игрите  „Dead Island 2“ и „Happy Game“. Двете игри се со експлицитни...

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка...