fbpx

ЕУ ќе ѝ се закани на Грција дека ќе ја исклучи од шенген-зоната

-

По заканата за напуштање на еврозоната, Грција се соочува со предупредувања и со закани за можен излез од шенгенската зоната. Ова го пренесуваат грчките весници „Катимерини“ и „Прото тема“, коментирајќи дека земјите-членки на Европската унија (ЕУ) веќе почнуваат да испраќаат сериозни предупредувања до Грција дека доколку не ги спроведе мерките за бегалската криза договорени на Самитот на ЕУ, може да се соочи со исклучување од Шенгенскиот договор.

Повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, „Катимерини“ посочува дека во ЕУ постои големо незадоволство за односот на Грција кон бегалската криза и кон договорените мерки. Наводно, на состанок минатиот петок, претставник на Луксембург посочил дека Грција не го почитува октомврискиот договор што го спроведуваат државите од Западен Балкан договорен во Брисел.

Како проблеми со Грција се посочуваат прифатните центри за бегалците, особено центарот на Лезбос, кој не работи, но и одбивањето на засилувањето од 400 претставници на Фронтекс испратени за подобро да ја обезбедуваат границата со Македонија. Грчкото одбивање на Фронтекс, според весникот, доаѓа со објаснување дека нивната функција не би била само евидентирање на бегалците.

Проблематични за ЕУ се и грчките одбивања да се користат 300 машини за отпечатоци и за евидентирање на бегалците во заедничка европска база, со објаснување дека е лоша интернет-врската и нема добра обука на вработените за користење на машините, како и неволноста да се користат единиците за итни случаи на Фронтекс.

Она што, исто така, создава европско незадоволство е и неисполнувањето на ветувањето дека Грција ќе пушти дел од бегалците авионски кон другите држави од ЕУ. Според весникот, европските држави ѝ даваат на Грција уште неколку дена до декемврискиот самит за да почне да ги следи договорените мерки, бидејќи доколку не се направат драстични промени, можно е заканата за излез од шенген-зоната да стане реалност за грчкиот народ, иако тоа не би било по европска волја.

Дипломатски извор за весникот посочил дека се сосема оправдани причините на македонската влада за кревање ограда на границата со Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...