fbpx

СЕП: Потребна е понатамошна меѓународна помош за справување со бегалската криза

-

Секретаријатот за европски прашања денеска организираше втора донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и на мигранти, за координирање на напорите и на акциите на сите засегнати страни во справувањето со овој предизвик во глобални размери.

На конференцијата се обратија заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, евроамбасадорот Аиво Орав, директорката на Центарот за управување со кризи, Сузана Салиу, и претставници од Министерството за внатрешни работи и од Министерството за надворешни работи.

Гости и учесници на настанот беа амбасадорите на земјите-членки на ЕУ со седиште во Република Македонија, претставници на меѓународните организации инволвирани во процесот, како и претставници на државните институции.

„За време на конференцијата, беше истакнато дека е потребна понатамошна меѓународна и европска помош, особено во пресрет на студените зимски месеци, за постигнување достоинствен и хуман третман на сите тие луѓе. Воедно, беше нагласено дека Македонија прави сè што е во нејзина моќ и останува посветена во исполнувањето на задачите во поглед на справување со овој огромен предизвик, како обезбедување навремена размена на информации и ефективна соработка, поддршка на бегалците во обезбедување привремено засолниште, одмор, храна, медицинска заштита, менаџирање на миграциските текови преку обезбедување целосна регистрација на пристигнувањата, со максимална употреба на биометриски податоци, особено отпечатоци од прсти, зголемена гранична контрола, подобрување на полициската и на судската соработка, како и зголемени активности против илегалниот транспорт на мигранти и трговијато со луѓе, со поддршка на Европол, Фронтекс и на Интерпол“, информираат од СЕП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...