fbpx

Колку добивaме ние, толку добива и НАТО од нашето членство во Алијансата, смета Попоски

-

Колку добива Македонија, толку добива и НАТО од членството на нашата земја во Алијансата. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, ова е главниот заклучок од дискусијата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во рамки на Конференцијата за безбедност што се одржа денеска во Будимпешта.

Како што пишува во соопштението на Министерството, Попоски констатирал дека во поглед на регионалната безбедност, исто како и во поглед на безбедносните ризици поврзани со тековната криза околу приемот на мигранти во Европа, одложувањето на одлуките повлекува цена.

„Оваа цена со сигурност ја плаќа Македонија, но воедно и Алијансата. Поддршката за членство е сè уште висока, но кредибилитетот на овој процес ќе треба очигледно да закрепнува подолг рок“, истакнал Попоски.

Шефот на македонската дипломатија учествуваше на конференцијата на покана на министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, а покрај Попоски, на настанот главни говорници беа и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, и Тед Вајтсајд, заменик на генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...