fbpx

Европол: Илјадници „странски борци“ на ИД, закана за безбедноста на Европа

-

Меѓу 3.000 и 5.000 т.н. странски борци, државјани на Европската унија, кои се обучувале во камповите на Исламска држава (ИД), се вратиле во земјите на ЕУ и претставуваат нов предизвик и закана за безбедноста на Европа, вели директорот на полицијата на Европската унија – Европол, Роб Вејнрајт, во интервју за германскиот весник „Оснабрукер цајтунг“.

Според Вејнрајт, постои голема можност припадниците на ИД или на други терористички организации да извршат нови напади во Европа, чија цел би била масовни жртви меѓу цивилното население.

„Европа во моментов се соочува со најголемата безбедносна закана во изминатите 10 години“, вели шефот на Европол.

Тој во интервјуто за германскиот весник одбил да ја поврзе заканата од тероризмот со актуелната бегалска криза во Европа и ја отфрлил претпоставката дека терористите се инфилтрираат во Европа под маската на баратели на азил.

Според Вејнрајт, нема индиции дека терористите го користат приливот на бегалци за да дојдат во Европа незабележани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...