fbpx

АИ го осуди одговорот на Европа на мигрантската криза

-

Срамотен е договорот на европските држави на мигрантската криза и постои ризик дека напорите за спротивставување на заканите од напади да ја нарушат историската посветеност на Европа на почитување на човековите права, оцени „Амнести интернешанл“.

Неколку членки на ЕУ воведоа гранични контроли како одговор на големиот бран мигранти и беглаци. „Европа, кој е најбогат блок на светот, не е во состојба да ги почитува основите права на најпогодените. Тоа е срамно“, рече генералниот секретар на АИ, Салил Шети.

Тој повика на воспоставување на безбедни, легани рути за луѓето кои одат кон Европа и со кои треба да се постапува „од случај до случај“ а не да бидат соочени со „колективна казна“.

– Повеќето земји, освен на чесниот исклучок на Германија, едноставно донесоа одлука дека заштитата на нивните граници е поважна од заштитата на правата на бегалците – смета директорот на АИ за Европа, Џон Долхајзен.

АИ изрази загриженост поради новите закони за борба против тероризмот усвоени ширум Европа, посебно за вонредната состојба воведена во Франција, после терористичките напади во Париз од ноември минатата година кога загинаа 130 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...