МВР вчера издало потврди на 310 странски државјани

-

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 310 мигранти.

Според државјанството, 222 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, а 88 на државјани на Ирак.

Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 102 се мажи, 73 се жени, 134 се деца што го придружуваат носителот на потврдата и едно дете што патува без придружба на родител.

Од 1 јануари годинава, заклучно со вчера, според МВР, низ земјава поминале вкупно 87.538 мигранти, на кои им била издадена потврда за искажана намера за барање азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина врати 103 воини од руско заробеништво

Украина успеа да врати уште 103 воини од руско заробеништво, пренесе агенцијата Украинформ. Претседателот Володимир Зеленски денеска напиша на Телеграм дека во Украина се вратиле 82 војници и 21...