fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Затворен повикот за субвенции за вградување плински уред во возилата, поднесени 670 барања

По еден месец од објавувањето на јавниот повик за субвенции за уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, Министерството за економија денеска го затвори повикот, поради големиот интерес искажан од граѓаните. Иако јавниот повик требаше да трае 60 дена, од 7 јуни како ден на неговото објавување, заклучно со денешниот ден,...

Владата најавува набавка на електрични службени возила и препорачува користење еколошки превоз

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека е дадена инструкција со веќе објавениот тендер на владината Служба за општи и заеднички работи, да се види дали може од 20 до 50 отсто во набавката на службените возила да се вклучат електрични или еколошки возила. „Инструкции се дадени и на сите други институции да не набавуваат ако не мораат. Таму каде што...

Казни од 13.000 евра за кичевската „Евротим ГДС“ поради продажба на токсичен мазут

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице и 3.000 евра за одговорното лице за компанијата „Евротим ГДС“ од Кичево поради отстапувања на квалитетот на мазутот што бил пуштен во продажба. Истовремено, донесено е решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги...

„О2 Иницијатива“: Чадот во Скопје не е само сахарска прашина, има и локални загадувачи

Граѓаните на Скопје и еколошките организации бараат објаснување за загадениот воздух во Скопје, кој сметаат дека не само последица на песочниот ветер што донесе прашина од Сахара во целиот регион, туку дека е предизвикан и од секојдневното палење отпад и пластика во Вардариште. Екологистите од „О2 Иницијатива“ информираа дека испратиле претставки до Општините Карпош, Аеродром, Гази Баба и Инспекторатот на...

Министерството за животна средина набавува мониторинг станици за следење на квалитетот на воздухот во Прилеп и Берово

Две нови мониторинг станици за следење на квалитетот на воздухот ќе се постават во Прилеп и Берово. Министерството за животна средина распиша јавна набавка со која бара да купи автоматска станица со вклучена обука со која ќе го надогради Државниот мониторинг систем за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Во овие градови досега не се мереше загадувањето на воздухот,...

Аерозагадување во лето: Пустински ветер донесе прашина во Лазарополе, во Скопје црн чад над Ново Лисиче

Топла воздушна маса која носи прашина може да е причината за зголемените вредности на ПМ-10 честичките регистрирани во изминатите два дена, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Пустинскиот ветер, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, може да потрае и во наредните денови. Сепак, информираат од Министерството, деновиве активен ќе биде и Државниот инспекторат за животна...

Емисиите на стакленички гасови во земјава растат кај транспортот и отпадот, опаѓаат во енергетската индустрија [инфографик]

С. Македонија низ годините успева постепено да ги намали емисиите на стакленички гасови во атмосферата, но остануваат загрижувачки неколку сектори кои можат да имаат натамошно негативно влијание врз климатските промени: палењето на шумите, транспортот и отпадот. Податоците од „Третиот двогодишен извештај за климатски промени“ изготвен лани од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека емисиите на штетните...

Железница со иницијатива за воведување возови на секои два часа од Скопје кон Тетово, Куманово и Велес

Железници на РСМ-Транспорт покрена иницијатива за воведување на патнички возови на релациите Скопје-Тетово, Скопје-Куманово и Скопје-Велес на секои два часа во текот на денот. Ваквата иницијатива е доставена до Владата на РСМ на почетокот на годинава, а предлогот на раководството на Железници е да се набават минимум 10 нови возови, и тоа 6 дизел моторни гарнитури и 4 електро...

Општина Центар за сечата на „Орце Николов“: Отстранетите дрвја ќе бидат заменети со нови

Општина Центар во врска со протестот на „Зелен хуман град“ за заштита на преостанатите 10 дрвја на улицата „Орце Николов“ порача дека „останува посветена на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, општина која треба да претставува пример за другите општини во државата“. Порачаа дека го разбираат револтот на граѓаните, но и дека исечените дрвја ќе...

Се протестираше за преостанатите 10 дрвја на улицата Орце Николов (Галерија)

На улицата Орце Николов во Скопје денеска со почеток во 12 часот се протестираше за спас на преостанатите 10 дрвја на улицата, кои останаа неисечени досега. Другите дрвја настрадаа при реконструкцијата на оваа улица. Организаторите, иницијативата „Зелен хуман град“ побара да престане уништувањето на градското зеленило. „Ќе запре ли некогаш, под власта на која било партија, уништувањето на белите дробови на...

Протест против сечењето дрвја на „Орце Николов“ во 12 часот

Протест под името„Кога пилите ќе стивнат“ ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, поради плановите на градските власти да се исечат и преостанатите 10 дрвја. Организаторите бараат да се прекине на решението издадено од Град Скопје со кое се овозможило сечењето на дрвјата на улицата, за да се спасат преостанатите дрвја. „Собирот ќе...

Дополнети одлуки за мазутот, ќе се бира акредитирана лабораторија за контрола

На својата вчерашна седница, Владата усвоила дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут и други масла за горење. Со новите одредби, Бирото за метрологија треба да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Во склад со тоа,...

Проработе кочански Пејпер Мил откако го инсталираше филтерот против загадување на воздухот

Кочанската фабрика за хартија Пејпер Мил повторно проработе откако сопствениците го инсталираа вреќестиот филтер со кој значително се намалуваат количествата штетни честички испуштени во воздухот. На денешното рестартирање на фабриката присуствуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи и кочанскиот градоначалник Николајчо Илијев, информираат од владината прес-служба. Вицепремиерот Битиќи потсети дека Пејпер Мил, при своето работење во минатото, испуштал повисоко ниво од дозволеното на...

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ за три месеци создаде мрежа од 520 организации

Во изминатите три месеци, кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ помогна да се создаде мрежа од над 520 организации, поединци и експерти, со цел да се информираат граѓаните на Западен Балкан за причините, последиците и можните решенија околу аерозагадувањето. „Целта беше со неа да посочиме дека сите имаме доволно потенцијал, знаење и капацитет за да работиме заедно во духот на...

За да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, потребни се повеќе средства и построга контрола на загадувачите

За да има видливо подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје во период од 2 до 3 години, потребни се храбри и сеопфатни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето, а не минорни средства во буџетите што се издвојуваат секоја година за оваа намена. Приоритет треба да биде намалувањето на загадувањето со ПМ честички, и тоа оние што се...

Шпански „Ел Паис“ го анализира уништувањето на животната средина и неажурноста на нашите власти

Земјата со зелени планини и бујни реки страда од ефектите од прекумерната изградба, а законите за зшатита на животната средина не се спроведуваат. Скопје останува со титулата на една од светските престолнини со најзагаден воздух, пишува реномираниоот шпански дневен весник „Ел Паис“ во обемен текст за проблемите со уништувањето на животната средина и улогата на властите во оваа офанзива. „Соживотот...

Скопскиот воздух во февруари и март бил позагаден од истиот период лани [инфографик]

Мерките што ги презедоа државните и општинските власти за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје се недоволни. Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање за аерозагадувањето на главниот град покажуваат дека зимава воздухот бил позагаден во февруари и март во споредба со идентичните месеци лани. „Мета.мк“ ги анализираше месечните извештаи за квалитетот на амбиентниот...

Заштитата на биодиверзитетот и намалувањето на аерозагадувањето треба да станат национален приоритет

На темата одредување приоритети за спроведување на зелената агенда за секторите биодиверзитет и намалување на загадувањето на воздух, вода и почви, денеска во рамките на Националната конференија за клима дискутираа претставници на повеќе граѓански организации. Целта на денешната работилница беше на интерактивнен начин да се спроведе консултација меѓу организациите за ставовите и приоритетните активности за заштитата на биолошката разновидност...

Обединет Балкан за чист воздух: Јавниот притисок како клучна алатка да бидеме информирани за квалитетот на воздухот

Локалните и државните институции треба на граѓаните да им дадат навремени информации за аерозагадувањето, како што тоа го прават во случаи кога се намалува квалитетот на водата во јавните системи за снабдување или кога има зголемување на сончевото ултравиолетово зрачење. Јавниот притисок останува клучна алатка за подобрување на системот за следење и исполнување на правото да бидеме соодветно информирани...

„Гугл Мапс“ ќе ги насочува возилата по патишта што генерираат најниски емисии на CO2

Со цел да помогне во борбата против климатските промени, апликацијата „Гугл Мапс“ ќе започне да ги насочува возачите по патиштата за кои се проценува дека генерираат најниски емисии на јаглерод диоксид (CO2) врз основа на сообраќајот и други фактори. „За околу половина од рутите, можеме да најдеме поеколошка прифатлива опција со минимални или никакви временски трошоци“, рече Расел Дикер, директор...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...