Фото: Ria Puskas on Unsplash

На својата вчерашна седница, Владата усвоила дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут и други масла за горење.

Со новите одредби, Бирото за метрологија треба да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Во склад со тоа, Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на ДПИ и по негово барање, треба да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за квалитет на течни горива, и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија, информираат од владината прес-служба.