fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Изворите на аерозагадување во Скопје ќе се испитуваат во лабораторијата на Универзитетот „Гоце Делчев“

Софистицирана лабораториска опрема, која прецизно ги анализира и утврдува поединечните извори на загадувањето на воздухот беше промовирана денеска на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Се работи за нов флуоросцентен рентген, спектрофотометар, кој се користи за хемиска анализа на елементите во аеросолите од воздухот. Со опремата со голема прецизност се добиваат резултати каква е содржината на аеросолите, со оглед на...

Обединет Балкан за чист воздух: Со елиминација на јагленот ќе се отстрани најголемиот индивидуален извор на аерозагадување

Согорувањето на јагленот е најголемиот индивидуален извор на загадување на воздухот на западен Балкан, а термоцентралите го предводат согорувањето. Компаниите што управуваат со нив, и државите во регионот, не се придржуваат до законите и прописите за штетни гасови, што доведува до спорови, како што се случаи на прекршоци во рамките на Енергетската заедница, укажуваат балканските еко-организации преку соопштение кое...

Воздухот ќе биде полн со ПМ-10 честички, најголем број од домовите се затоплуваат со цврсти горива

Поголема ангажираност на надлежните институции во смисла на јакнење на инспекциските контроли и поставување на повеќе мерни станици за испитување на квалитетот на воздухот, поголем број и повисоки субвенции за домаќинствата за вградување на системи за затоплување од чиста енергија, како и издвојување на поголеми буџетски средства за енергетска сиромаштија, но и јакнење на свеста кај граѓаните од штетноста...

Шилегов смета дека инспекциските акции го расчистија воздухот во Скопје, екологистите велат најзаслужни се ветерот и сонцето

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска се пофали дека воздухот во главниот град се подобрува откако е тој на власт, а годинава бил три пати поквалитетен, што според него е резултат на интензивното работење на инспекциските служби и акциите кои ги спроведува Градот. Но, екологистите не се согласуваат, тврдејќи дека ветерот и сонцето имаат голема улога во намаленото аерозагадување....

Загадувањето на воздухот од централите на јаглен убива повеќе од милион луѓе секоја година

Загадувањето на воздухот од производство на електрична енергија на јаглен е одговорно за повеќе од 1 милион смртни случаи на глобално ниво секоја година. Околу 390.000 луѓе починаа во 2018 година само како последица од загадувањето со честички во воздухот, се посочува, меѓудругото, во најновиот извештај „Одбројувањето на Лансет“. Ова истражување открива некои застрашувачки статистички податоци за тоа како климатската...

РЕК Битола работи на зголемување на еколошките стандарди во производство

РЕК Битола фото: ЕСм
РЕК Битола ги следи и реализира еколошките процеси со многу побрза динамика во последните три години и за одговорните од исклучителна важност е запазувањето на еколошките норми во работењето при производството на електрична енергија. Ова го соопштија од Комбинатот откако денеска Државниот инспекторат за животна средина објави дека во 2019 година РЕК Битола го надминал лимитот на сулфур диоксид за...

За аерозагадување секој зборува, електрични возила ретко кој користи [мултимедија]

Користењето на автомобили во Македонија постојано расте, за сметка на опаѓањето на интересот на патување со јавен превоз во градските средини, како и опаѓачкиот број на патници во меѓуградските возови и автобуси. Стапката на моторизација на населението во 2019 година достигна 205,2 патнички автомобили на 1.000 жители, иако веќе цела деценија наназад над 80 отсто од она што македонските...

МЖСПП: Престануваат да важат вонредните мерки поради загадениот воздух во Битола

Прекинат е прагот на алармирање во Битола, со што престануваат да важат препораките и мерките поради загадениот воздух во Битола, кои стапија на сила пред два дена, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). „Согласно податоците од ДАМСКAВ на ден 21.02.2021, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 163 mg/m3, и епизодата од два...

МЖСПП: Во Битола вонредни мерки поради загадениот воздух

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), според прописите со кои е одредено при загадување со ПМ10 честички, поточно при надминување на вредноста од 163 mg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза, соопшти дека вакво надминување е констатирано на мерното место Битола 2. Поради тоа, во Битола стапуваат на сила краткорочните препораки и мерки во...

Обединет Балкан за чист воздух: Аерозагадувањето е една од причините за зголемена смртност и повисоки здравствени трошоци

Аерозагадувањето ги скратува нашите животи, а некогаш и ни ги одзема. Поради неговите последици одиме почесто на доктор за да се лекуваме од разни респираторни заболувања. Лошиот квалитет на воздухот е една од причините за зголемена смртност, пократок животен век и повисоки здравствени трошоци на граѓаните од западен Балкан, укажуваат балканските еко-организации преку Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“. „Последиците...

Ревизорите тврдат: Преземените мерки во последните три години не го намалија аерозагадувањето

Иако претставуваат позитивен чекор, со преземените активности во изминативе три години не се постигнати утврдените цели и посакуваните ефекти во однос на намалување на загадувањето на воздухот, заклучил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Конечниот извештај за извршена ревизија за следење на препораките што ги дале ревизорите во 2018 година на тема „Квалитет на воздухот - кооперативна ревизија“. „Надзорот и...

Во јануари полесно се дишело во Скопје, во декември воздухот позагаден во споредба со минатата зима [инфографик]

Загадувањето на воздухот во Скопје и тековнава зима останува голем проблем за граѓаните, и покрај тоа што официјалната статистика од Министерството за животна средина и просторно планирање покажува нешто помало аерозагадување како просечни вредности во споредба со минатата зимска сезона. Податоците од мерните станици поставени во главниот град покажуваат дека во декември 2020 година имало поголемо загадување на воздухот во...

Увозот на електрични автомобили во последните четири години во земјава рамен на статистичка грешка [инфографик]

Сите зборуваат за електрични автомобили во земјава, но ретко кој вози еден таков автомобил по македонските патишта. Според податоците до кои дојде „Мета.мк“ од Царинската управа, во Македонија досега биле увезени 3.345 хибридни автомобили и само 134 електрични автомобили. Учеството на новите и половните електрични автомобили што се увезени во земјава од 2017 до 2020 година е само 0,1...

„Еуроактив.рс“: Термоелектраните во Србија се меѓу најголемите загадувачи во Европа

Српските електрани на јаглен со децении го загадуваат регионот со огромни количества на отровни гасови, што предизвика предвремна смртност на населението на Западен балкан и на ЕУ. Отровните емиии од електраните со кои управува Електростопанство на Србија (ЕСС) ги надминуваат за шест пати дозволените вредности според домашните и меѓународните закони, објави порталот „Еуроактив Србија“. Според податоци од информативниот канал на...

За деценија и пол, потрошувачката на дизел горивото во транспортот во земјава тројно зголемена [инфографик]

Македонија за само 15 години успеала за повеќе од три пати да ја зголеми потрошувачката на дизел горивото во патниот сообраќај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Автомобилите, камионите, автобусите и другите моторни возила во земјава се насочиле кон употребата на дизелот, иако развиените европски земји веќе определуваат конкретни датуми за забрана на продажбата на нови возила на...

Неопходна е едукација и посветеност за да се решат проблемите со загадувањето на животната средина

Нашата идеја не е да ја заштитиме планетата, туку да создадеме свет каде што планетата нема да има потреба од заштита. Со овие воведни зборови, младиот европски амбасадор, Војдан Узунов го отвори денешниот онлајн настан на WeBalkans насловен „The Youth goes Clean“ на кој, преку две панел дискусии се разговараше за решенијата на младите за аерозагадувањето и за тоа...

Кампања „Обединет Балкан за чист воздух“: Живееме во отровен облак

Со цел подигнување на свеста за последиците од загадениот воздух, еко организации од сите балкански земји ја започнуваат кампањата „Обединет Балкан за чист воздух". Како што велат тие, земјите од Западен Балкан имаат најлош квалитет на воздух во Европа, поради што ги повикуваат надлежните државни институции и граѓаните во регионот, да спречат до 13.500 предвремени смртни случаи секоја година...

Мерењата на бугарската лабораторија за загадувањето од „Пејпер Мил“ не се прифатливи во земјава

Државниот инспекторат за животна средина нареди промена на горивото за работа на загадувачот „Пејпер Мил“ од Кочани, врз основа на резултатите на мерењата на загадувањето на воздухот добиени од акредитираната лабораторија „Фармахем“, која работи според стандардите утврдени во Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги...

Крајна дестинација за старите машини: Лани увезени 29.052 автомобили, над 80 отсто од нив половни [инфографик]

Ниту корона кризата, ниту аерозагадувањето во градовите, ниту новиот данок на половни возила не успеаја да направат промени кај увозот на автомобили во Македонија. Како и во изминатите години, и во 2020 година над 80 отсто од увезените автомобили биле половни, кои претходно биле набавени на старо од европските земји. А токму развиените земји, од година во година воведуваат...

Нова мапа ќе ги лоцира сите загадувачи од индустријата во целата земја

Нова мапа на загадувачи, ќе им помогне на граѓаните да ги лоцираат индустриските капацитети во нивната околина кои може да се причина за лошиот квалитет на воздухот. Веб страната www.mapanazagaduvaci.mk , изработена од еко-активистот Горјан Јовановски од „Мој воздух“, во соработка со здружението „Зелен институт“, од неодамна е пуштена како пилот-верзија и на неа веќе се поставени педесетина капацитети...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...