fbpx

Проработе кочански Пејпер Мил откако го инсталираше филтерот против загадување на воздухот

-

Кочанската фабрика за хартија Пејпер Мил повторно проработе откако сопствениците го инсталираа вреќестиот филтер со кој значително се намалуваат количествата штетни честички испуштени во воздухот. На денешното рестартирање на фабриката присуствуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи и кочанскиот градоначалник Николајчо Илијев, информираат од владината прес-служба.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека Пејпер Мил, при своето работење во минатото, испуштал повисоко ниво од дозволеното на штетни честички во воздухот, на што граѓаните од Кочани со право реагираа, државните институции и сопствениците на фабриката седнаа, ги разгледаа сите аргументи и потоа менаџментот на фабриката одлучи привремено да запре со производството, а притоа ги задржаа вработените со намалени приходи од 70 отсто, како што предвидува Законот.

„Мене ми претставува задоволство што и сопствениците на компанијата покажаа разбирање и брзо реагираа, вложија дополнителни средства во системот за отпрашување и последните мерења, направени од независна лабараторија и потврдени од државните институции покажуваат дека емисиите на штетни честички се далеку под дозволените, односно до 40 пати помалку од пропишаните вредности“, изјави Битиќи.

Со инвестицијата во инсталирање на вреќастиот филтер, овозможен е рестарт на оваа компанија и враќање на работа на сите 120 вработени, рече Битиќи и посочи дека Пејпер Мил најавува дополнителни вложувања во овој капацитет, со кои ќе се модернизираат процесите и дополнително ќе се влијае на заштитата на животната средина.

„Треба да се знае дека оваа компанија има капацитет за рециклирање на картонска хартија за потребите на цела земја, што изнесува околу 14.400 тони. Тоа е навистина значајно и исто придонесува за заштита на животната средина, затоа што и хартијата е ресурс кој го добиваме од природата, а со рециклажа природата ја заштитуваме. Би сакал да посочам дека Владата има потпишано договор за финансиска поддршка на Пејпер Мил, чиј што инвестициски проект е до крајот на 2022 година, а според договорот во овој капацитет се планирани дополнителни вложувања од околу 2 милиони евра, со што би се удвоило производството и капацитетот за рециклажа би достигнал до околу 30.000 тони отпадна хартија во Северна Македонија“, рече вицепремиерот.

Генералниот менаџер на Пејпер Мил, Јулијан Даскалов, беа презентирани резултатите од последните мерења на акредитираната лабораторија SGS, која по инсталацијата на новиот вреќест филтер во фабриката, изврши мерења на квалитетот на воздухот според методите на мерење услогласени и одобрени од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Тие најавија дека инвестициите во фабриката продолжуваат, а во третата фаза ќе се заврши прочистителната станица за отпадни во текот на оваа година. Се работи за инвестиција во износ од 300.000 евра.

Сопственикот на фабриката Пејпер Мил во јануари годинава ја затвори фабриката, откако претходно од Државниот инспекторат за животна средина ѝ беше наложено на фабриката да го користи единствено котелот што работи на метан, бидејќи котелот на пелети го загадуваше воздухот над дозволените вредности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...