четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: АД ЕСМ | 120 резултати

АД ЕСМ најавува 350 милиони евра инвестиции во енергетиката и екологијата

јуни 4, 2021

Од владиниот план за инвестиции за периодот 2021-2027 година, во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра, 3 милијарди и 144 милиони евра се планирани во секторот енергетика, а голем дел од тие проекти ќе ги спроведе АД ЕСМ, самостојно или преку моделот на јавно приватно партнерство (ЈПП), соопштија од Електростопанство на Северна Македонија […]

АД ЕСМ носи мерки за подобрување на нивото на акумулацијата во ХЕЦ „Тиквеш“

април 14, 2021

Во врска со актуелните прашања поврзани со акумулацијата „Тиквеш“, водостојот на езерото, производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во следниот период, како и за другите дејности кои зависат од водата во оваа акумулација и нејзиното ниво, денеска, на иницијатива на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), се одржа меѓуинституционален состанок во хидроелектраната „Тиквеш“ […]

ЕСМ ќе ја пресметува цената на јаглерод за да се забрза транзицијата кон климатски одржлив енергетски сектор

април 5, 2021

АД „Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ја извести Енергетската заедница дека ќе започне со внатрешно пресметување на „цената на јаглеродот” како подготовка на компанијата сѐ до воведувањето на задолжителното законодавство. Тоа, усогласено со европските и со светските енергетски и климатски трендови, ќе наметне повисоки цени за електричната енергија која ќе се произведува од јаглен, соопштија […]

Тргнува од почеток проектот за изградба на фотонапонски електрани во РЕК Осломеј, ЕСМ го реобјави тендерот

февруари 6, 2021

Голем интерес од домашни и од странски инвеститори, но засега слаби резултати во врска со проектот за изградба на две фотонапонски електрани на местото на РЕК Осломеј, кои поточно треба да бидат лоцирани на местото на стариот рудник за јаглен, а да се градат како јавно приватно партнерство (ЈПП). На тендерот кој беше распишан лани […]

На градско парно се поврзуваат 1.000 домаќинства од скопските населби Хиподром 1 и 2

јануари 25, 2021

Околу 1.000 домаќинства од скопските населби Хиподром 1 и 2 ќе се поврзат на градското парно. Топловодната мрежа на АД ЕСМ, подружница „Енергетика“ се продолжува во овие делови на Скопје, информираат од владината прес-служба. Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски извршија увид во неколку проекти што се реализираат во оваа […]

РЕК „Битола“ работи само со еден блок, обилните врнежи ја отежнаа работата на рудниците

јануари 15, 2021

Од утрово во прекин е работата на блокот 2 од битолската термоелектрана, а во моментов производството на електрична енергија продолжува од блокот 3, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Обилните врнежи од дожд, чија количина од над 100 литри на метар квадратен предизвикала надоаѓање на вода и застој во подготовките за поместување на траките […]

Ќе се проширува парното во населбите Автокоманда, Маџари, Хиподром, Железара и Триангла

јануари 11, 2021

Постојната топловодна мрежа во скопските населби Автокоманда, Маџари, Хиподром, Железара и Триангла од подружница на АД ЕСМ – „Енергетика“ ќе се доградува и проширува со што поголем број на домаќинства и на деловни објекти ќе се приклучат на парно греење. За таа цел АД Електростопанство на Северна Македонија, ЕСМ, на почетокот на јануари годинава распиша […]

Десет конзорциуми на меѓународни енергетски и градежни компании ја започнуваат трката за ХЕЦ „Чебрен“

декември 23, 2020

Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднеле понуди за ХЕЦ „Чебрен“ во фазата за претквалификација, односно понуди за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река, соопшти Владата. Посебна комисијата од Владата во наредниот период ќе врши евалуација на нивните апликации и ќе оцени […]

Наместо за рекламен материјал, ЕСМ донира три милиони денари за ковид центрите во Битола и Кичево

декември 17, 2020

Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) одлучи годинава предвидените средства за набавка на новогодишен рекламен материјал во висина од 3 милиони денари да се пренасочат како помош за Клиничката болница во Битола и за Општата болница во Кичево. „Во АД ЕСМ имавме предвидено 3 милиони денари (48.780 евра) за рекламен материјал и […]

ЕСМ инвестира 3 милиони евра во реконструкција на хидроелектраната „Вруток“

декември 15, 2020

Во хидроелектраната „Вруток“ што е во рамки на ХЕС „Маврово“, заврши главниот дел од реконструкцијата за санирање на водостанските шахти, за што беа инвестирани околу 3 милиони евра. Како што соопштуваат од Електрани на Северна Македонија, ЕСМ, со овој проект ќе овозможи драстично намалување на загубите на вода, зголемување на производството, заштита од ерозија на […]

Голем дел од Скопје денеска снема струја поради неможноста да се ангажираат резервите од хидроелектраните, велат од МЕПСО

ноември 24, 2020

Немањето поддршка во мрежата од хидро производството и дефектите во далноводите се главната причина за прекините во напонот на струјните трансформатори, поради што денеска напладне останаа без електрична енергија делови од скопските населби Центар, Карпош, Тафталиџе, Ѓорче Петров и Капиштец, некои по 15-тина минути, а некои и подолго време, велат од Македонскиот електропреносен систем оператор […]

Неповолната хидролошка состојба доведе до увоз на струја од странство, ќе падне ли теретот врз граѓаните?

ноември 7, 2020

Владата неделава одлучи привремено да го сопре производството на електрична енергија од хидроелектраните во земјава, а АД ЕСМ да набави електрична енергија преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд, до нормализирање на природните услови кои ќе овозможат оптимално производство на капацитетите кои директно или посредно користат вода во производниот процес, информираат од владината прес-служба. Програмата „Дојче Веле“ […]

АД ЕСМ подружница ,,Енергетика” започна со парно греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром

октомври 15, 2020

На почетокот на грејната сезона, 15 октомври, АД ЕСМ, подружница ,,Енергетика” започна со испорака на топлинска енергија за корисниците кои се снабдуваат со греење преку топловодниот систем на „Енергетика“. Тоа се скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. Парно греење добија 3.700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти, соопштија од […]

Повеќе од 40 странски и домашни компании заинтересирани за инвестирање во две фотонапонски електрани во Осломеј

септември 23, 2020

Голем интерес има кај странски и кај домашни компании во врска со проектот, изградба на фотонапонска електрана во Осломеј, информираат од Електрани на Северна Македонија, ЕСМ. „За ЈПП ФЕ „Осломеј“ беше организирана онлајн презентација пред заинтересирани компании од целиот свет, за локацијата за две фотоволтаични електрани во Осломеј, кои треба да се градат како јавно-приватно […]

Ветерниот парк „Богданци“ со рекордно производство на струја до крајот на август

септември 7, 2020

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ до крајот на август испорачал рекордни над 87 гигават-часови електрична енергија, што претставува натфрлање на планираното производство за тој период за 37,5 отсто. „Четири месеци пред крајот на годинава, овој производствен капацитет што го користи ветерот како погонска сила, веќе остварил над 91 проценти од годишниот производствен план, предвиден во […]

ЕСМ демантира дека генералниот директор пишува поезија по смртта на работник во РЕК Битола

август 20, 2020

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) попладнево остро ја демантираше веста дека во време кога во РЕК Битола при вршење работни задачи загина работник, генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, напишал и на Фејсбук објавил песна за Зоран Заев. Со такви тврдења излезе „Лидер“, по што веста беше преобјавена и од „Курир“, „Нетпрес“, „Експрес“ и […]

Страна 6 од 6