Изработката на оваа проектна документација за проширување на дистрибутивната мрежа на топлинска енергија ќе чини околу 9.300 евра.

ЕСМ „Енергетика“ лани имала вкупно 3.740 потрошувачи на топлинската енергија, од кои 3.654 потрошувачи се домаќинства. Овој систем за топлинска енергија може да се шири од Маџари на исток, до населбите Чаир и Бутел на запад, со можност за негово спојување со најмалиот систем за дистрибуција на топлинска енергија на „Скопје Север АД“.