fbpx
Таг: АД ЕСМ

таг: АД ЕСМ

ЕСМ: Произведената струја ја понудивме за 48 евра по мегаватчас, а на берзите чини 360 евра

АД ЕСМ понуди цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас за периодот јули-декември 2022г. Цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022г изнесуваше 41е/МWh, соопшти ЕСМ. Како што велат оттаму, корекцијата на цената треба да се гледа во контекст на енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона....

ЕСМ: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. „Сакам да упатам...

Почна поставувањето на цевките на топловодот од РЕК Битола, ќе се обезбеди парно за Битола, Новаци и Могила

Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК Битола до Битола. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот, кој ќе обезбеди парно греење за трите општини во близина на РЕК Битола - Битола, Новаци и Могила. „Првите цевки се поставени на излезот од РЕК Битола кон Новаци, и...

Грејната сезона завршува денеска, но и наредните денови во Скопје ќе има парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска извести дека грејната сезона во Скопје завршува денеска, но и тие и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираа дека топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по 15 април. „Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го...

Компаниите квалификувани за изградба на „Чебрен“ ја посетија локацијата на Црна Река

Компаниите заинтересирани за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, кои се квалификуваа во првата фаза на јавниот повик, ја посетија локацијата на Црна Река во Мариово каде треба да се гради електраната. Претставниците на компаниите добија можност да извршат извидување на околината, дополнителни мерења и земање примероци од геолошки материјал. Локацијата, информираат од АД ЕСМ, исто така е слободна за посета...

По критиките од екологистите, од ЕСМ велат дека ќе градат четири сончеви електрани во РЕК Битола

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска информираше дека подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Сепак, за искористување на сонцето како обновлива енергија засега се обезбедени средства единствено за изработка на проектната документација. „Првата електрана од 20MW ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната, и за...

Ковачевски: Со фотонапонската електрана „Осломеј“ до енергетска независност преку обновливи извори на енергија

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаична електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема. „Целта на Владата заедно со институциите и партнерите е да станеме земја која од европски доминантно застапените фосилни енергенси, се насочува кон енергетски капацитети кои ќе го користат...

Македонија се вклучува во изградбата на терминалот за течен гас во Александропулис

Македонската влада на вчерашната седница го задолжи АД ЕСМ да го отпочне процесот за потпишување на договорите за реализација на Меморандумот за разбирање потпишан со Гастрејд С.А. за проектот за изградба на терминал за течен гас во Александропулис, Грција. Од владината прес-служба информираат дека ова е првиот чекор кон реализација на стратешката цел за енергетска независност на земјава. „Владата, преку...

Владата ќе префрли 6 милиони евра на АД ЕСМ за да се покријат трошоците за парно греење во Скопје

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе добие 6 милиони евра од владата за да се покријат плаќањата на трошоците што произлегуваат од разликата меѓу реалната цена и постојната цена за парното греење на корисниците во Скопје. Тој додаде дека овој износ е проекција на АД ЕСМ, нивната подружница ЕСМ-Енергетика која...

ЕСМ утре го презема управувањето со парното од БЕГ и Скопје Север

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) од утре го презема управувањето со топлинска енергија во Скопје. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека денеска попладне ЕСМ ќе го достави на владина седница предлог-договорот за соработка со БЕГ и треба да биде склучен договорот, за од утре државната компанија да го преземе управувањето со БЕГ, но и со АД...

ЕСМ следната недела ги презема БЕГ и Топлификација Север, парно ќе има до еден часот по полноќ

ЕСМ следната недела официјално ќе го преземе управувањето со БЕГ и Топлификација Север. Како што информираше денеска компанијата согласно со Уредбата што вчера ја донесе Владата, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија. Ќе бидат преземени трите субјекти на БЕГ, Производство, Дистрибуција и Снабдување и Топлификација АД Скопје Север,...

Бектеши: Решен е проблемот со парното, граѓаните ќе добијат непречена испорака на топлинска енергија

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
"Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје и општините е решен. Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за економија донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија", извести министерот за економија, Крешник Бектеши. Согласно оваа Уредба...

Владата одлучи ЕСМ да откупува струја од ТЕ-ТО, ќе има и засилено парно греење во Скопје

Когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје ќе произведува енергија со максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати, а државната компанија АД ЕСМ ќе ја откупува дополнително произведената количина електрична енергија. На овој начин, дополнителните количини на набавена струја ќе овозможат обезбедување и на производство на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија, односно за БЕГ, којшто снабдува најголем дел од...

Тројца снабдувачи со парно во Скопје, секој различно грее, РКЕ со над 50 поплаки за квалитетот

Првиот снег во Скопје и најавите за минимални температури и под минус 10 степени во наредните денови го кренаа алармот кај жителите на главниот град во врска со централното парно греење. Во Скопје има тројца снабдувачи со парно греење кон граѓаните и во моментов секој ја обезбедува оваа обврска на различен начин. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат...

Рестрикции на струја ќе нема, во јануари во целосен погон ТЕЦ Неготино и РЕК Битола

ТЕЦ Неготино и РЕК Битола е предвидено во текот на јануари да работат со целосниот капацитет со којшто располагаат за производство на електрична енергија. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во текот на најладниот месец ќе проработи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок на РЕК Битола. Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети во...

За 13,6 отсто поскапа струја за домаќинствата понуди ЕСМ за догодина

За снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија за 2022 година, АД ЕСМ на денешните тендери за набавка на струја за периодот јануари-јуни доставила понуда до ЕВН Хоме, како универзален снабдувач на електрична енергија, со купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас. АД ЕСМ доставила понуди и на двата тендери, за 60 отсто и 40...

Се полнат складиштата со мазут, ТЕЦ „Неготино“ од наредна недела во погон

ТЕЦ „Неготино“ од наредната недела ќе започне со производство на електрична енергија. Од АД Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека во моментов се полнат складиштата на мазут во термоелектраната, а коишто количини ќе бидат неопходни за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за...

АД ЕСМ не достави понуда за снабдување со струја на домаќинствата, ќе се јави на следниот повик

Државното акционерско друштво Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) и на четвртиот повик не достави понуда за електрична енергија кон ЕВН Хоум, со која треба да се снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи за сите 12 месеци од 2022 година. Ќе се распише нов повик, на којшто од АД ЕСМ информираат дека ќе учествуваат. „Одлуката од Владата на Р. Северна Македоанија во...

Градот Скопје молчи за развојот на топловодната мрежа, Регулаторна со свој предлог

Новата градска администрација речиси еден месец не одговара на прашањата поставени од Мета.мк во однос на идниот развој на топловодната мрежа во Скопје. Владата во јули 2019 година ја донесе одлуката на Град Скопје да му ја даде на трајно користење топловодната мрежа, со која требаше да управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски...

ТЕЦ „Неготино“ ќе започне со производство на струја во декември

Владата даде согласност да се активира термоелектраната „Неготино“ за производство на електрична енергија за претстојнава зима. Производството на струја ќе треба да започне во декември, а претходно ќе се изврши проверка и тестирање на опремата. Неговата моќност е околу 180 мегавати, односно речиси колку еден блок на РЕК „Битола“. Владата даде согласност за соработка помеѓу АД „Електрани на Северна Македонија“...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...