fbpx

Неповолната хидролошка состојба доведе до увоз на струја од странство, ќе падне ли теретот врз граѓаните?

-

Владата неделава одлучи привремено да го сопре производството на електрична енергија од хидроелектраните во земјава, а АД ЕСМ да набави електрична енергија преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд, до нормализирање на природните услови кои ќе овозможат оптимално производство на капацитетите кои директно или посредно користат вода во производниот процес, информираат од владината прес-служба.

Програмата „Дојче Веле“ на македоски јазик пишува дека АД ЕСМ почнала со набавка на струја и планот е до 15 ноември годинава да бидат набавени 20.450 мегават часови електрична енергија. Експертите кои пак ги исконтактирале велат дека увозот на електрична енергија од странство ќе се плаќа со пари од државниот буџет, односно граѓаните ќе треба да ги платат трошоците.

„Се фалевме пред две години дека сме извезувале електрична енергија во период кога моравме да штедиме, а сега ќе бидеме приморани да купуваме поради ненормално испорачување на вода. Шпиље или Дебарско Езеро станаа река, го испуштивме Тиквеш, се поради непланирано работење и во невреме, непланирано ја потрошивме водата и сега сме соочени со проблем“, вели во изјава за „Дојче Веле“ универзитетскиот професор Константин Димитров.

Од Владата на РСМ пак објаснуваат за причините поради кои земјава ќе биде приморана да увезува електрична енергија од странство. Тие велат дека покрај исклучително лошата хидролошка состојба, хидроелектраните поинтензивно работеле во последните неколку месеци поради елементарните непогоди кои се случија во рудниците во РЕК Битола, последниот во изминатово лето со поплавата.

Воедно, планирано било на почетокот на грејната сезона да се вклучи во работа РЕК Осломеј, каде е обезбедена техничка подготвеност на термоелектрана за производство на електрична енергија.

„Сепак, во овој момент термоцентралата не може да биде ставена во производство поради исто така неповолна хидролошка состојба на системот Студенчица, од каде се обезбедува вода за разладната кула“, велат од Владата на РСМ.

Имено, системот Студенчица врши водоснабдување на околу 150.000 жители од Другово, Кичево, Осломеј, Вранештица, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Крушево и Прилеп, така што секакво пренасочување на намалениот доток на вода од Студенчица кон РЕК Осломеј би означувало намалување на достапната вода за пиење на општините.

Од Владата информираат дека РЕК „Битола“ работи со два блока, додека на Блок 3 се изведува капитален ремонт. Паралелно на ова, во ХЕЦ „Маврово“ се изведува реконструктивен зафат на шахтите, со кој ќе се намалат загубите на вода во нив, а коишто се акумулирани во мавровската акумулација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...