fbpx
Таг: АД ЕСМ

таг: АД ЕСМ

Бектеши со целосна поддршка за разрешувањето на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
По одлуката на управата на АД ЕСМ за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, министерот за економија Крешник Бектеши изрази целосна поддршка и побара одлоговрно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите. Тој нагласи дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и нема да има рестрикции на електрична енергија. „Давам целосна поддршка...

ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј, најави и други кадровски промени

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, соопшти денес АД ЕСМ. Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана. Досегашниот технички директор во Рудници, Стојан Мицкоски е назначен на местото за в.д....

ЕСМ: РЕК „Битола“ од синоќа работи со два блока, има доволно јаглен

РЕК Битола фото: ЕСм
АД ЕСМ информира дека од синоќа во 2:45 часот Блокот 2 во РЕК „Битола“ е синхронизиран во електроенергетскиот систем на земјава. Производството на електрична енергија продолжува и од Блокот 1, така што најголемиот енергетски капацитет во земјава од денеска практично работи со два од трите блока. „На депонијата за јаглен во РЕК „Битола“ во моментов има доволно јаглен за континуирано...

ЕСМ: РЕК Битола од ноќеска повторно произведува струја

АД Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ) соопшти дека од три часот ноќеска, откако е завршена поправката на дефектот на Блок 1 на РЕК Битола, тој, односно електраната повторно произведува струја. Првиот блок беше исклучен вчера поради прекината цевка, а со тоа најголемиот производител на струја во земјава беше вон функција. Имено, Блок 3 не работи откако дојде до пожар...

ЕСМ: РЕК Битола 1 исклучен поради скината цевка, се очекува денеска да проработи

АД ЕСМ соопшти дека првиот блок на РЕК Битола денеска бил плански исклучен поради скината цевка, а со очекува повторно да биде ставен во функција вечерва по отстранувањето на проблемот. Инаку, Блок 2 на РЕК Битола е во ремонт, а Блок 3 е исто така вон функција, поради минатонеделниот пожар на неговиот трансформатор. Сепак, се очекува до крајот на неделава...

Девет компании нудат јаглен за РЕК „Битола“, понудите ги обезбедуваат неопходните количини

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информира дека девет компании се јавиле на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК „Битола“, како би се обезбедило дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900.000 тони јаглен за РЕК „Битола“. Овие понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен...

ЕСМ: Нема да има рестрикции на струја, набавката на јаглен е за индустријата да не плаќа високи цени

Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) категорично ги отфрлаат написите во дел од медиумите и тврдат дека земјава има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Од ЕСМ повторуваат дека ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј е засилен заради стабилно производство на струја за домаќинствата, потсетувајќи дека...

ЕСМ обезбеди јаглен за РЕК Осломеј, за РЕК Битола ќе треба нов тендер

На повикот на Електрани на Северна Македонија за набавка на доволно количини на јаглен пристигнати се понуди за јаглен од три македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина, соопшти денес генералниот директот Васко Ковачевски. „На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори. Овие...

Скопјани од утре ќе имаат топли радијатори, предвреме почнува грејната сезона

Почнувајќи од утре, 7 октомври започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, најави РКЕ. Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на 15 октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени. Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) даде одобрение за испорака на топлинска енергија...

Струјата нема да поскапи во земјава, но РЕК „Битола“ ќе го зголеми производството и ќе се увезува јаглен

Нема причина за паника меѓу македонските граѓани во однос на цената на електричната енергија за претстојните месеци, смируваат од Регулаторната комисија за енергетика и Електрани на Северна Македонија. На европско ниво, цената на струјата на холандската берза се искачила од 16 евра за мегават час во јануари до 98 евра за мегават час на крајот од септември, јавува Политико. Претседателот...

С. Македонија мора да ја забрза енергетската транзиција: АД ЕСМ со најава за 1000 MW фотонапонски електрани

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани како клучен дел од планот за енергетска трансформација, односно префрлање на производството на електрична енергија кон обновливи извори, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на енергетскиот форум МЕФ 2021. „Над 70 проценти од нашето производството во моментов доаѓа од јаглен, и тоа за нас е голем императив да спроведеме...

Водостоите на вештачките езера се на минимална граница, а најкритичниот период допрва претстои

Топлотните бранови кои се последица на климатските промени како и ненадејните покачувања и падови на температурите, предизвикуваат промени во количествата на врнежи, интензитетот и распространетоста. Сушните денови се главната причина заради која е потребно одржување на едно нормално ниво на водостоите на природните езера и реки во државава. Во последниве десетина дена, нивото на водостоите на реките и на...

ЕСМ: Северна Македонија прва земја од Западен Балкан што се обврза за напуштање на јагленот до 2030

Северна Македонија стана член на PPCA Алијансата (Powering Past Coal Alliance) за време на Лондонската недела за климатски акции. Заедно со Шпанија, до 2030 година, земјава се обврза да го напушти производството на електрична енергија од јаглен, соопштуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Одлуката на Северна Македонија да се придружи на клубот европски земји кои ќе го напуштат производството...

ЕСМ понуди пониска цена на тендерот на ЕВН Хоум што може да влијае на крајната цена на струјата

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) на тендерот за набавка на струја што го објави универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум, понудиле најниска цена од 36,1 евро за мегават-час (мгвч.). Оваа набавка на електрична енергија е за наредните шест месеци. Сега понудената цена на ЕСМ е пониска од ланската за 2,7 отсто, која изнесуваше 38,8 евра за мегават-час. Останува да се...

Со инвестиција од 70 милиони евра ќе се гради соларна електрана во Осломеј

По принципот на јавно приватно партнерство, денеска се потпиша договорот меѓу државната АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), турската „Фортис Енержи Електрик“ и бугарската компанија „Солар про“, за изградба на фотонапонска електрана во РЕК Осломеј. Инвестиција „тежи“ 70 милиони евра и предвидува 100 нови вработувања. Оваа електрана се очекува да биде пуштена во употреба до крајот на годината. Според премиерот...

ЕСМ „Енергетика“ со нови инвестиции во снабдувањето со струја и со парно во Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром

Во тек се неколку значајни проекти на подружницата „Енергетика“ на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), кои се од значење за жителите на населбите Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром. Како што сопштија од ЕСМ, во овој дел од Скопје, во тек се проекти за проширувањето на топловодниот систем, за модернизацијата на самата подружница, за изградба на гасна електрана и...

АД ЕСМ најавува 350 милиони евра инвестиции во енергетиката и екологијата

Од владиниот план за инвестиции за периодот 2021-2027 година, во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра, 3 милијарди и 144 милиони евра се планирани во секторот енергетика, а голем дел од тие проекти ќе ги спроведе АД ЕСМ, самостојно или преку моделот на јавно приватно партнерство (ЈПП), соопштија од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ). „Инвестициите во РЕК Битола...

АД ЕСМ носи мерки за подобрување на нивото на акумулацијата во ХЕЦ „Тиквеш“

Васко Ковачевски фото: ЕСМ
Во врска со актуелните прашања поврзани со акумулацијата „Тиквеш“, водостојот на езерото, производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во следниот период, како и за другите дејности кои зависат од водата во оваа акумулација и нејзиното ниво, денеска, на иницијатива на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), се одржа меѓуинституционален состанок во хидроелектраната „Тиквеш“ во Кавадарци на кој...

ЕСМ ќе ја пресметува цената на јаглерод за да се забрза транзицијата кон климатски одржлив енергетски сектор

АД „Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ја извести Енергетската заедница дека ќе започне со внатрешно пресметување на „цената на јаглеродот” како подготовка на компанијата сѐ до воведувањето на задолжителното законодавство. Тоа, усогласено со европските и со светските енергетски и климатски трендови, ќе наметне повисоки цени за електричната енергија која ќе се произведува од јаглен, соопштија од ЕСМ. „За интерни потреби...

Тргнува од почеток проектот за изградба на фотонапонски електрани во РЕК Осломеј, ЕСМ го реобјави тендерот

Голем интерес од домашни и од странски инвеститори, но засега слаби резултати во врска со проектот за изградба на две фотонапонски електрани на местото на РЕК Осломеј, кои поточно треба да бидат лоцирани на местото на стариот рудник за јаглен, а да се градат како јавно приватно партнерство (ЈПП). На тендерот кој беше распишан лани во февруари, а траеше до...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...