fbpx

ЕСМ ќе ја пресметува цената на јаглерод за да се забрза транзицијата кон климатски одржлив енергетски сектор

-

АД „Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ја извести Енергетската заедница дека ќе започне со внатрешно пресметување на „цената на јаглеродот” како подготовка на компанијата сѐ до воведувањето на задолжителното законодавство. Тоа, усогласено со европските и со светските енергетски и климатски трендови, ќе наметне повисоки цени за електричната енергија која ќе се произведува од јаглен, соопштија од ЕСМ.

„За интерни потреби на компанијата, цената на електричната енергија произведена од термоелектраните, ќе биде земена предвид со дополнително пресметана цена на јаглеродот. Тоа ќе покаже како ќе изгледа реалната производна цена на струјата од јаглен во иднина, кога ќе биде воведено плаќање на т.н. карбон кредити по тон емитуван CO2 во атмосферата, од страна на производителите“, соопштија од ЕСМ.

Тие додаваат дека целта на внатрешната калкулација на „цената на јаглерод” , (која нема да биде вклучена во продажната цена), е компанијата во своите планови за инвестиции да има реална слика за исплатливоста на одредени вложувања во нови капацитети, во извори на суровини за производство или во реконструкции на постоечки производни погони.

Исто така, тоа треба да биде и показател во која насока да се развива производното портфолио во иднина, според пресметковните, претпоставени цени на електричната енергија што ќе се добива од секој поединечен извор: јаглен, гас, сонце, ветер, вода и друго.

„Енергетската Заедница го препозна и го истакна фактот дека АД ЕСМ е прва компанија за електрична енергија во Договорните страни во ЕЗ од Југоисточна Европа, што се обврза да воведе внатрешна цена на јаглерод и дека доброволните иницијативи како оваа ќе овозможат активно да се забрза транзицијата кон климатски одржлив енергетски сектор“, информираат од ЕСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...