Девет компании нудат јаглен за РЕК „Битола“, понудите ги обезбедуваат неопходните количини

-

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информира дека девет компании се јавиле на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК „Битола“, како би се обезбедило дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции.

Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900.000 тони јаглен за РЕК „Битола“. Овие понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, потоа од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.

„Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите“, информираат од АД ЕСМ.

Што се однесува до јагленот за ТЕЦ „Осломеј“ од првиот повик за набавка, АД ЕСМ очекува веќе во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300.000 тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе започне испораката со динамика предвидена во договорот. Со ова, ТЕЦ „Осломеј“ ќе може да се вклучи во производството на електрична енергија.

Од АД ЕСМ информираат дека се во постојана комуникација со Владата на Р. Северна Македонија и со ТЕЦ Неготино со цел почеток на работењето на оваа термоелектрана, со поддршка на АД ЕСМ.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...