fbpx

ЕСМ: Нема да има рестрикции на струја, набавката на јаглен е за индустријата да не плаќа високи цени

-

Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) категорично ги отфрлаат написите во дел од медиумите и тврдат дека земјава има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува.

Од ЕСМ повторуваат дека ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј е засилен заради стабилно производство на струја за домаќинствата, потсетувајќи дека земјава произведува електрична енергија и од хидроелектрани, гасна и ветерна електрана. Дополнително, се прават координации со ТЕЦ Осломеј за можен почеток на работа и на оваа термоелектрана, и доколку се обезбеди мазут, таа ќе се стави во функција.

„По одредени написи во дел од медиумите-уште еднаш потенцираме дека набавката на јаглен, која ја спроведуваме по препорака на Владата, а во соработка со стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите“, вели генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој додава дека наредните денови ќе се склучи договорот за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. За РЕК Битола ќе биде распишан дополнителен повик, за да се добие поголемо количество јаглен по поволна цена која ќе има економска оправданост.

Инаку, изјавата од ЕСМ доаѓа по пишувањата на медиуми и денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој рече дека во ноември земјава ќе ги почувствувала последиците од енергетската криза и дека во енергетските компании се подготвувале планови за рестрикции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...