fbpx

АД ЕСМ најавува 350 милиони евра инвестиции во енергетиката и екологијата

-

Од владиниот план за инвестиции за периодот 2021-2027 година, во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра, 3 милијарди и 144 милиони евра се планирани во секторот енергетика, а голем дел од тие проекти ќе ги спроведе АД ЕСМ, самостојно или преку моделот на јавно приватно партнерство (ЈПП), соопштија од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ).

„Инвестициите во РЕК Битола во следниот период се во рамки на енергетската трансформација и движењето кон зеленото сценарио. Тука спаѓаат когенеративната гасна електрана со моќност од 200-400 мегавати, која ќе се користи за производство на електрична енергија, како и за топлификација на Битола, и која ќе биде супституција за двата блока на РЕК Битола. Планираниот почеток на работа на оваа инвестиција е по завршувањето на грејната сезона 2025/2026 година. Вредноста во првата фаза ќе изнесува околу 100 милиони евра, односно вкупно 200 милиони евра“, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој додаде дека, во склоп на РЕК Битола ќе се градат и фотонапонски електрани, кои исто така се влезени во планот за инвестиции, како составен дел на сценариото за зелена енергија.

„На почеток ќе се изградат две фотонапонски електрани од по 10 мегавати и една фотонапонска електрана од 40 мегавати. Тие ќе бидат во целосна сопственост на АД ЕСМ, односно на државата. Дополнително ќе се гради уште еден капацитет од 100 мегавати, односно две фотонапонски електрани од по 50 мегавати кои ќе бидат изградени со принципот на ЈПП. Што значи, ќе се бараат приватни партнери како што е тоа сега случајот во РЕК Осломеј, каде што наскоро треба да се потпише договор со компании од Турција и Бугарија. Тие 160 мегаватни фотонапонски електрани ќе бидат со вредност од околу 110 милиони евра“, најави Ковачевски.

Другиот значаен проект за Битола и за околните места, Новаци и Могила, е изградбата на топловодната мрежа, во вредност од околу 35 милиони евра. Проектот е во фаза на предизбор на изведувач и се очекува до крајот на месецов да се потпише договор со избрана фирма, а во текот на летото, најдоцна есенва, топловодната мрежа да почне да се развива.

„Овие три проекти, гасната електрана, фотонапонските електрани и топлификацијата на Битола, ќе бидат инвестиција во вкупна вредност од 350 милиони евра од АД ЕСМ. Целта на овие проекти е да се засили енергетската трансформација, за која имаме највисоки оценки како држава од страна на европската Енергетска заедница и да се вложи во обновливи извори на енергија низ државата, но и во регионот. На тој начин ќе се обезбедат потребните количини електрична енергија за потрошувачите, на начини кои сѐ помалку ќе загадуваат“, рече Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...