fbpx

МЗ: Вчера се аплицирани 6.521 вакцини, прва доза примиле 2.249 граѓани

-

Од Министерството за здравство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 438.879 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 243.832 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.249 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 369.661 дози вакцини, а ревакцинирани се 125.829 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...